СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б.(27) од охридското село Косел и П.П.(28) од Прилеп, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, а П.П. сторил и кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.
При претрес во домот на второпријавениот, извршен на 10.09.2026 со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пакувања со марихуана и кокаин, кои ги набавил од првопријавениот и ги препакувал за натамошна продажба.
При претресот, во домот на второпријавениот, затекнат е малолетник од Битола, на кој му овозможил да користи марихуана. Пријавените веднаш се лишени од слобода, а со малолетникот, во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи е извршен разговор, по што ќе следува соодветен поднесок.
- УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
- Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
- Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
- 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
- Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
- Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
- Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
- Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец

