Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрација

    Минчев на средба со постојната координаторка на ОН Колумбија: Заеднички фокус на јакнењето на јавната администрација

    16.09.2026 во 14:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија 2026–2030, со фокус на доброто управување, институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на јавната администрација.

    Посебно внимание беше посветено на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници, која треба да започне со работа во 2027 година. Разговарано беше за можностите за поддршка од системот на ОН во развојот на обуките, модулите и обучувачите, со цел континуираниот професионален развој да стане составен дел од работењето на јавната администрација. Во овој контекст беше спомената и досегашната соработка со УНДП во воспоставувањето на системот за управување со учењето – ЛМС.

    „Реформата на јавната администрација не е само креирање на закони. Нејзината вистинска вредност е во тоа граѓаните да добијат институции кои работат поефикасно, попрофесионално и во нивен интерес. Затоа ни се важни партнерствата што носат знаење, искуство и конкретна поддршка“ истакна министерот Минчев.

    Министерството за јавна администрација ќе продолжи да ја продлабочува соработката со меѓународните организации и партнери преку конкретни иницијативи и активности, насочени кон поддршка на приоритетите и реформските процеси во јавната администрација, со цел да се придонесе кон создавање на поефикасна, професионална и современа јавна администрација во служба на граѓаните.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.