Во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе се одржи презентација посветена на натамошните активности за заштита, сертификација и промоција на македонскиот рубин.
На настанот е најавено присуство и обраќање на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, каде што ќе бидат претставени следните чекори и стратегии за валоризација на овој значаен минерален ресурс.

