Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Скопјанец со мотоцикл удрил полицаец откако му дал знал за запирање
    • Пукање во Охрид
    • Јаневска: Инженерите школувани овде се ценети и надвор од државните граници
    • Зеленски со алармантна порака: Русија подготвува масовен напад врз Украина
    • Ескалација во Црното Море: Дронови нападнаа два трговски брода во близина на Бугарија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    Во завршна фаза подземната сообраќајница кај „Лимак“: Ѓорѓиевски најави целосно поврзување до 2028 година

    18.09.2026 во 21:302 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“ е во напредна фаза на реализација, а Град Скопје со забрзано темпо продолжува со работата на останатите делови од проектот.

    Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека подземната сообраќајница е комплетно завршена, при што останува да се довршат осветлувањето и системот за заштита од пожари, како и асфалтирањето. Овие активности ќе се реализираат во завршната фаза, по завршувањето на останатите градежни активности.

    Првата фаза од проектот, на потегот од Кисела Вода, е завршена за само 90 дена, а во моментов се работи на втората фаза.

    „Првата фаза ја завршивме од Кисела Вода за 90 дена, сега веќе се работи на втората фаза. Рокот за изведба на поврзувањето од Кисела Вода до влезот на Лимак е до наредната година, а веднаш потоа ќе пристапиме и кон последната фаза“, истакна Ѓорѓиевски.

    Последната фаза ќе го опфати и кружниот тек кај Нова Македонија, со што целокупниот проект треба да биде функционално поврзан.

    Според динамиката на реализација, целосната подземна сообраќајница се очекува да биде ставена во функција до 2028 година или почетокот на 2029 година.

    „Јас ветив дека до крајот на мојот мандат ќе ја изработам првата фаза, а таа сега е завршена за 90 дена“, посочи градоначалникот.

    Ѓорѓиевски нагласи дека Град Скопје има капацитет и обезбедени средства за реализација на проектот, со дополнителна финансиска поддршка од Владата.

    „Имаме капацитет, имаме средства како Град Скопје, Владата ни помогна со средства, така што со силно темпо одиме напред“, порача градоначалникот.

    Прочитај повеќе

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, се гледа крајот на 30-годишната сообраќајна голгота

    06.10.2026 во 21:36

    Акција во Гази Баба: Започна обележувањето и освежувањето на пешачките премини за поголема безбедност во сообраќајот

    06.10.2026 во 21:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.