Author: Author 04

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска и утре (16 и 17 септември 2026 година) организира регионална конференција на тема „Како да се зголеми довербата во уставните судови“, со фокус на независноста, транспарентноста и разбирливоста на судските одлуки. Во своето воведно обраќање, претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски, истакна дека довербата е најважниот капитал на секој уставен суд и дека авторитетот произлегува од квалитетот на одлуките. На настанот се обрати и д-р Штефан Пирнер од Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ). Костадиновски во својот говор нагласи дека во минатото често се практикувало неодлучување по чувствителни предмети, но со стапувањето…

Повеќе

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на 29. Конференција на началниците на Генералштабовите на Вооружените сили од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5), која се одржува во Задар, Република Хрватска. На денешната конференција, чиј домаќин е началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Хрватска, генерал-потполковник Тихомир Кундид, се дискутираше на темата „Остварување на регионалните придобивки“. Генералот Лафчиски, во своето обраќање на работните тематски сесии на конференцијата, го истакна значењето на хуманитарната помош и помошта при катастрофи и подобрување на соработката, која се развива во рамките на А-5 иницијативата, борбата против транснационалниот организиран криминал и градење заеднички регионален одговор, како и важноста на…

Повеќе

Цените на горивата во Германија предизвикуваат сè поголемо незадоволство кај возачите, додека владината коалиција сè уште нема усогласено решение за нивно намалување. Бензинските пумпи во земјата смеат еднаш дневно, на пладне, да ги зголемат цените. Во Берлин вчера наутро литар бензин Е10 чинел околу 2,25 евра, а дизелот околу 2,37 евра, додека на пладне цените се зголемиле за околу 20 центи по литар. Највисока цена била забележана на пумпа покрај автопат во јужниот дел на Берлин, каде што „Super Plus“ достигнал 3,03 евра за литар. Растот најмногу ги погодува жителите во руралните подрачја, додека најповолна е ситуацијата во пограничните региони,…

Повеќе

Најмалку 16 лица, меѓу кои пет деца, ги загубиле животите откако во текот на ноќта се урнала повеќекатна станбена зграда во градот Газа. Во инцидентот се повредени уште 14 лица, додека спасувачките екипи продолжуваат интензивно да трагаат по десетици луѓе за кои се стравува дека се заробени под урнатините. Палестинската Цивилна заштита соопшти дека објектот се урнал во текот на ноќта. Снимките од теренот покажуваат како спасувачи и локални жители со заеднички сили ги пребаруваат остатоците, при што поради недостиг на соодветна опрема и тешка механизација, дел од жителите со голи раце отстрануваат делови од урнатата конструкција. Според верификуваните сведочења…

Повеќе

Најмалку 60 лица ги загубиле животите при уривање на рудник за злато во Судан, додека спасувачките екипи и локалните жители продолжуваат да трагаат по луѓе кои сè уште се водат за исчезнати. Несреќата се случила во рудникот Ал-Зара, северно од градот Ал-Нухуд, во суданската покраина Западен Кордофан. Инцидентот се случил во неделата, а информацијата за бројот на жртвите ја потврдиле три локални извори за „Ројтерс“. Според нивните проценки, големиот број жртви може да се поврзе со непочитување на безбедносните процедури, но и со недостиг на соодветна опрема за спасување и извлекување на луѓето од рудникот. По уривањето, во областа започнала…

Повеќе

Во Собранието е поднесен предлог за измени на Законот за заштита на децата, со кој се предлага значително зголемување на еднократната парична помош за новороденчиња. Иницијативата е поднесена од независниот пратеник Миле Цеков, кој во парламентот влезе како претставник на ЗНАМ, а подоцна ја напушти партијата. Според предложените законски измени, еднократната помош за првородено дете се предвидува да се зголеми од сегашните 5.000 на 18.450 денари, додека за второродено дете наместо досегашните 20.000 денари, се предлага да се исплаќаат 36.900 денари. Предлогот содржи и нова категорија со финансиска поддршка од 52.275 денари, која се однесува на близнаци, како и на…

Повеќе

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа , Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“. Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на условите во казнено-поправните установи и обезбедување на современи услови за сместување, здравствена заштита, хигиена, работни и слободни активности на осудените и притворените лица, во согласност со европските стандарди. Активностите во текот на 2026 година продолжуваат согласно предвидената динамика. Во јули 2026 година е склучен…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави податоците за измерените температури на мерните станици низ државата денеска, 16.09.2026 година, во 14 часот. Според табеларниот приказ, најниска температура е измерена на Попова Шапка со 12,1 степен, додека на мерните станици во Маврови Анови и Лазарополе податоците не беа достапни. Од друга страна, најтопло било во Скопје-Петровец каде се измерени 29,5 степени, следено од Гевгелија со 28,6 и Велес и Демир Капија со 28,1 степен. Во останатите населени места температури се движеа меѓу 18 и 28 степени, па така во Радовиш Пожар се измерени 18,6, Крушево 19,1, Претор 20,9, Охрид 21,3, Берово…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска оствари средба со постојната координаторка на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа Рита Колумбија. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на соработката во рамки на новата Рамка за соработка ОН–Северна Македонија 2026–2030, со фокус на доброто управување, институционалниот развој и јакнењето на капацитетите на јавната администрација. Посебно внимание беше посветено на Академијата за стручно усовршување и обука на административни службеници, која треба да започне со работа во 2027 година. Разговарано беше за можностите за поддршка од системот на ОН во развојот на обуките, модулите и обучувачите, со цел континуираниот професионален развој да стане…

Повеќе

Ужасна трагедија се случила во Софија, каде што шестгодишно дете било пронајдено во семејниот стан со убодни рани, додека неговиот татко бил пронајден повреден откако скокнал од станбена зграда, објавија медиумите. Првата пријава до полицијата била примена околу 11:20 часот. Директорот на СДВР, Николај Пелтеков, изјавил дека во врска со случајот биле примени вкупно четири пријави. Последните две ги поднела бабата на детето, која по враќањето дома го пронашла внукот во тешка состојба, со конвулзии и убодни рани. Во станот заедно живееле таткото, детето и бабата и дедото. Според истрагата, мажот имал историја на проблеми со дрога и алкохол и…

Повеќе