Времето утре сончево со мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР.
Од УХМР информираа дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

