- Позната здравствената состојба на повредениот сопственик на опожарената викендица во Штип
- Спасовски: Владата нема план за ЕУ, Мицкоски две години ја замајува јавноста
- Пијан правел хаос во Свети Николе: Приведен маж, дивеел на улица, па се заканувал на полицајци во станица
- Приведени двајца камионџии на Деве Баир
- Тешко повреден малолетник, со мопед изгубил контрола и излетал од патот Берово-Делчево
- Приведена струмичанка – ја натепала снаата и внукот
- Перински во Кисела Вода: Одобрени се над 528 милиони денари за 24 капитални проекти
- Се заканувал со остар предмет на син и мајка, претепани сопруги и кршен инвентар – Приведени петмина насилници
Author: Author 04
Како Здружение на вработени во секторот на игри на среќа, „Сакам да работам“ претставувајќи ги вработените во најголемиот приватен работодавач во Македонија, по повод Меѓународниот ден на трудот упатуваме честитка до сите трудољубиви сограѓани кои исто како нас, работејќи вредно обезбедуваат егзистенција за семејствата.Земајќи предвид дека сме вработени во економски сектор, кој со години е цел на негативна кампања, ја користиме оваа прилика да испратиме неколку пораки. Ние не сме криминалци, не работиме во нелегални објекти, туку во строго регулиран сектор кој подлежи на законско лиценцирање и дозволи за работа, кои се издаваат во многу сложена и крајно контролирана административна…
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против С.Х.(27) од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело „разбојништво“ по член 237 и против А.Х.(25) од Струмица, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „прикривање“ по член 261, а во врска со член 237 од Кривичниот законик. На 21.04.2026 во 18:00 часот на ул. „Маршал Тито“ во Струмица, пријавениот С.Х. физички го нападнал Р.Д.Р.(36) од село Мокрино, струмичко, при што му го одзел мобилниот телефон и побегнал.Мобилниот телефон е пронајден кај второпријавениот А.Х., од кого е одземен и вратен на оштетениот.
По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерот за одбрана Владо Мисајловски упати искрени честитки до сите вработени во одбраната и сите припадници на Армијата. „Почитувани вработени во одбраната и припадници на Армијата, денешниот ден ја симболизира вредноста и важноста на трудот на секој еден вработен. Високо ја вреднувам вашата работа, вашата посветеност, мотивираноста која е видлива секој изминат ден, работејќи на процесите кои нè прават побезбедни и посилни. Ве охрабрувам со истиот ентузијазам, професионалност и посветеност да продолжите да придонесувате во заштитата на националните интереси и безбедноста на граѓаните“, истакнува министерот Мисајловски. Професионализмот, тимската работа и заедништвото…
Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува посветена на приоритетите предложени од општините и пратениците, кои веќе се во фаза на реализација. За време на посетата на Охрид, тој потенцираше дека се работи здружено за Охрид да добие нов лик. „Би сакал само да споменам дека дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат“, рече Мицкоски. Тој ги повика граѓаните да го следат прогресот на автопатот и најави дека крајниот рок за негово завршување е првиот квартал…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на почетокот на изградбата на новата катна гаража во Охрид, при што направи преглед на клучните инфраструктурни проекти во регионот. Тој истакна дека и покрај предизвиците со финансирањето, автопатот Кичево-Охрид се гради со несмалена динамика. „Очекуваме согласно претходните најави да биде целосно пуштен од Кичево до Охрид, еве најдоцна да речеме првиот квартал од 2027 година. Беше откажан кредитот од страна на кинеската ‘Ексим’ банка, па со домашните комерцијални банки направивме синдикат и проектот ќе биде реализиран целосно до крај“, изјави Мицкоски. Премиерот најави и поголем фокус на проектот „Плаошник“, за кој рече дека за…
ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани приватни интереси и сомнителни договори преку кои со години се испумпуваа пари од граѓаните. Наместо да даде одговор зошто проектот за интерконекција со Албанија беше блокиран повеќе од половина деценија, ДУИ избира да напаѓа и да манипулира, обидувајќи се да го сокрие сопствениот неуспех и интересите што стојат зад него, се наведува во соопштението од ВРЕДИ. „Раскинувањето на договор, кој не се реализирал, но повлекол многу пари од џебот на граѓаните е причина за паника во ДУИ. Тие биле корисници на испумпаните парит. Време е да се престане со навиката политиката да се…
Кој го овластил Бурим Латифи да го раскине договорот со сараевската компанија и да потпише со онаа на Додик — и покрај негативното мислење на Надзорниот одбор — предизвикувајќи штета од 6 милиони евра, се наведува во соопштението од ДУИ. Демократската унија за интеграција бара итен јавен и институционален одговор: кој стои зад одлуката на Бурим Латифи, генерален директор на МЕПСО и прв братучед на Изет Меџити, да го раскине договорот со Енергоинвест од Сараево и да го замени со ЕЛНОС БЛ ДООЕЛ од Бања Лука? „Она што оваа одлука ја прави уште потешка е фактот дека Надзорниот одбор на…
Вкупно 14.000 патници ја поминале македонската граница на преминот „Богородица“ во изминатите 24 часа, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според официјалните податоци, до 10 часот утринава излез оствариле околу 3.000 македонски државјани, додека останатите 11.000 се странски државјани. Од МВР нагласуваат дека од нивна страна се преземаат сите мерки за забрзување на протокот на патници преку ставање во функција на сите човечки и технички капацитети. И покрај зголемениот интензитет поради празничниот викенд, од македонска страна не се забележани поголеми застои при спроведување на граничните проверки.
Утрово во 06:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово и ПО Камењане, врз основа на судска наредба, извршија претрес во домот на Б.З. (41) во с. Боговиње. При претресот е пронајдена бела прашкаста материја и алат за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело. Б.З. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, при што во изминатиот период беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје. На 30.04.2026 од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во содејство со СВР Скопје…
