Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ново училиште, проширена градинка и поддршка за младите: Паунов ги презентираше резултатите во Карбинци

    Ново училиште, проширена градинка и поддршка за младите: Паунов ги презентираше резултатите во Карбинци

    11.09.2026 во 11:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Карбинци реализираше низа капитални и инфраструктурни проекти во изминатата година, информираше денеска градоначалникот Виктор Паунов за време на презентацијата на отчетот за својата работа.

    Во фокусот на локалната самоуправа беа инвестициите во образованието, каде што е изграден нов училиштен објект во Радање и се врши доградба на градинката „Кокичиња“ за дополнителни 100 деца. Паралелно, општината доделува по 5.000 денари за првачињата, средношколците-прваци и бруцошите, како и 10.000 денари за новороденчиња.

    На планот на патиштата и уредувањето, пуштена е во употреба пешачката патека Таринци – Карбинци со должина од 1,5 километри, а се градат и нови улици со поддршка од Светска банка. Извршена е реконструкција на училишната спортска сала, а во Долни Балван се реализира капитален проект за изградба на каналот Герен и уредување на коритото на Брегалница.

    „Нашата цел е јасна – модерна, развиена и функционална Општина Карбинци. Општина во која младите ќе имаат услови да останат, а семејствата ќе имаат поддршка“, истакна Паунов.

    Градоначалникот најави дека општината ќе продолжи со истата динамика на инвестирање во сите населени места, со посебен акцент на подобрување на условите за живот и локалниот развој.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.