Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември

    Кузеска: Мицкоски да објави каде завршиле 5-те милиони евра за прославата на 8 Септември

    11.09.2026 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски ја изманипулира јавноста кога тврдеше дека прославата за Денот на независноста чинела „0 денари“, реагираа денеска од опозициската СДСМ.

    На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека портпаролката на Владата потврдила оти за прославата се потрошени над 5 милиони евра преку АД Државна Лотарија.

    „Уште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста – ги лаже граѓаните. Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток“, истакна Кузеска.

    Таа побара Мицкоски веднаш да ги соопшти сите детали за доделените средства и критериумите според кои се избирале компаниите.

    „Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми?“, изјави Кузеска.

    Според СДСМ, дополнително спорни се составот на тричлената комисија во Лотарија и исплатите кон поврзани компании.

    „Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата? Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот. Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти?“, додаде портпаролката на СДСМ.

    Кузеска го оцени случајот како проневера на јавни средства и побара комплетен отчет.

    „Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што“, рече таа.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.