Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инцидент во рудникот „Трепча“: 63 рудари останаа заглавени под земја
    • Танкер погоден од повеќе ракети во близина на Катар – има жртви
    • Татко случајно ја усмрти тригодишната ќерка со земјоделска машина во сопствениот двор – Трагедија во Албанија
    • Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата
    • Утре ќе нема струја до 19 часот – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
    • Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект
    • Филипче најави Мастер план: Граѓаните да бидат акционери во државни компании наместо да се трошат милиони за концерти
    • Василевска: Пресудите од Стразбур за македонското малцинство во Бугарија остануваат горливо прашање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ градела и успеала да изгради високо профилирани жени политичарки

    (ФОТО) Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ градела и успеала да изгради високо профилирани жени политичарки

    14.09.2026 во 20:373 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес сите ние можеме да зборуваме за политика, затоа што генерации пред нас се бореле за правото на политички став. Денес можеме слободно да се натпреваруваме со идеи, затоа што генерации пред нас овозможиле да имаме независна Македонија и независни институции и во таа историја, нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога. Како политичка организација своето постоење го врзува со идејата за слободна, за независна, за демократска Македонија, рече Марија Митева претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на вечерашната прва политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“.

    И, кога денес зборуваме за демократија, додаде Митева, ние практично, зборуваме за нашето сопствено политичко искуство, посочувајќи дека во таа историја ја има и приказната за жените во политиката.

    „Жените во политиката не се вклучиле од вчера. Напротив, низ историјата биле дел од сите општествени процеси. Некогаш биле во првите редови, многу често биле под сенка, многу често не им било признаено, но секогаш со работа, со труд, со истрајност се грижеле и за семејството, и за заедницата, но и за Македонија“.

    Митева додаде дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, има клучна улога во сите овие процеси.

    „Многу често, Унијата на жени градела и успеала да изгради сериозно, високо профилирани жени политичарки во Македонија. УЖ е организација каде што жените се организираат политички, дебатираат, разменуваат ставови, мислења и преземаат одговорност“, истакна Митева заблагодарувајќи му се на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ што веќе десет години дава безрезервна поддршка на Унијата на жени.

    Посочи дека токму затоа денеска, преку дијалог со претседателот Мицкоски ќе успееме да ја направиме разликата за тоа што значи присуство и што значи учество.

    „Можеби е лесно да се заклучи дека демократијата не е нешто коешто се освоило и се придобило и тука завршува. Туку напротив, преку политички дијалог и политичка култура треба континуирано да ја наградуваме и тука, мислам дека, УЖ ја има клучната улога. Не сме само организациска структура, затоа што тука има огромен политички потенцијал и жените кои се присутни вечерва, кои се постојано на терен, жените коишто работат во своите општини, во своите институции, коишто работат и се грижат за своите семејства носат едно огромно знаење и искуство, а наша работа е дали оваа енергија ќе остане само енергија или ќе ја преточиме во една политичка сила“, рече Митева.

    Понатаму, Митева потенцираше дека целта на демократијата не е само да зборуваме, туку и да работиме преку дела, токму затоа во соработка со членките на ИК на Унијата на жени и во комуникација со членките на партија се изработи Декларација „За една повеќе“ која е определба за повеќе учество.

    „Кога го разработувавме концептот заедно со членките на ИК на Унијата на жени, па и во комуникација со нашите членки од партијата заклучивме мора да произлезе некаков резултат од она што денес го говориме. И затоа, сакам пред Вас, но и пред сите присутни вечерва да ја презентираме Декларацијата за повеќе учество, повеќе демократија којашто се заснова на десет политички заложби на Унијата на жени. Повеќе учество, повеќе одговорност, за една повеќе. Сакам заедно сите да ја усвоиме вечерва, не затоа што ќе остане некој документ во архивите на партијата, туку затоа што ќе не потсетува дека секоја година треба да видиме што сме направиле и како да ја надградиме“, потенцираше Митева.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Новата платформа на поранешни функционери е проект на Мицкоски за раситнување на опозицијата

    07.10.2026 во 22:29

    Меџити потпиша Меморандум за соработка со училиштето „Иднина“: Обезбеден превоз и услови за учениците до изградбата на новиот објект

    07.10.2026 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.