Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Измама во Македонија: Дал 3.000 евра аванс, па сфатил дека е измамен
    • Температурите во осум часот низ Македонија – Студ, сонце, па голем пресврт со времето до крај на неделата
    • Македонските автори и книги на Саемот во Франкфурт
    • СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Деморкатијата е на високо ниво

    Мицкоски: Деморкатијата е на високо ниво

    14.09.2026 во 20:202 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва ја отвори првата политичка платформа „Повеќе учество, повеќе демократија“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата.

    „ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето. Ние сме млада демократија, 35 години не значи премногу, но е доволно за да направиме ретроспектива, да видиме колку имавме подеми и падови. Учевме и растевме од падовите, се обидувавме да станеме што е можно побрзо и создадаовме прекрасна приказна наречена Македонија, а демократијата е процес кој допрва ќе продолжиме да го растеме и усовршуваме“, истакна Мицкоски, оценивајќи дека демократијата е на високо ниво и во партијата и во државата.

    Потсетувајќи на историскиот контекст, премиерот додаде: -Партијата во времето кога се уште бевме дел од поранешната СФРЈ, зборуваше за независна, демократска и суверена држава со свои банкноти, химна, армија, спортски репрезентаци,… Како резултат на тие политики во 1991 година се случи акламативно изјаснување на граѓаните да имаме независна, сопствена држава, а демократијата да извира од народот. Роден сум во еднопартиски систем, како тинејџер бев во независна Македонија, а сега учествувам во демократските процеси и ја предводам најсилната органзиација. Убеден сум дека во иднина ќе можеме да видиме која генерација што и колку направила за демократијата да биде позрела од претходната.

    На настанот што почна со интонирање на македонската химна и химната на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати и Марија Митева, претседателка на Унијата на жени и владин портпарол.

    -Сметаме дека демократијата не е нешто што се подразбира, туку нешто што бара да се гради, унапредува и достоинствено да се брани. Демократијата не е институционална формула што едноставно сме ја усвоиле и прифатиле, туку нешто што го доживува секој човек преку тоа дали се слуша неговиот глас, дали се исплати трудот што го вложува. Ниту еден демократски процес не се случил случајно, ние денес можеме да се натпреваруваме со идеи зашто генерации пред нас овозможиле да имаме независна држава и независни институции. Кога сега зборуваме за демократија, зборуваме и за нашето сопствено партиско политичко искуство, а тука е приказната и за жените кои во политиката не се вклучиле од вчера, напротив, биле дел од сите општествени процеси, нагласи Митева.

    Платформата содржи две панел-дискусии: „Учеството како двигател на демократијата“ и „Улогата на политичките партии во демократското учество“, со учество на високи партиски функционери, министри и претставници од женскиот огранок.

    Прочитај повеќе

    Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг

    07.10.2026 во 08:58

    СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес

    07.10.2026 во 08:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.