Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Нов чин на саботажа во Холандија: Пронајдена цевка на пругата

    Нов чин на саботажа во Холандија: Пронајдена цевка на пругата

    16.09.2026 во 09:53Updated:16.09.2026 во 09:582 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Нов чин на саботажа е забележан на холандските железници, откако на линијата меѓу Апелдорн и Девентер беше пронајдена поставена цевка. Информацијата ја потврди холандската државна компанија за одржување и проширување на железничката мрежа „ProRail“.

    Според портпаролот на компанијата, предметот е откриен во вторник вечерта во близина на Теуге, во централна Холандија, што доведе до привремено запирање на железничкиот сообраќај меѓу Девентер и Апелдорн од 21:30 часот, пренесува „NL Times“. Првично беше соопштено дека прекинот е последица на дефект во сигнализацијата.

    „Полицијата и тимот за одговор на инциденти на железничкиот оператор веднаш излегоа на местото на настанот“, изјави портпаролот на компанијата „ProRail“.

    Инцидентот се надоврзува на претходни слични случувања, откако претходно во текот на денот метала шипка беше отстранета од пругата меѓу Холтен и Рајзен. Во вторник наутро, железничкиот сообраќај беше сериозно нарушен во неколку провинции бидејќи на повеќе од 35 локации беа поставени цевки и кабли кои го попречија системот за следење на зафатеноста на пругите.

    Од „ProRail“ соопштија дека „има многу малку снимки од камерата од саботажата, но она што го има е предадено на полицијата“.

    По повод овие настани, холандската државна секретарка за инфраструктура и управување со водите, Анет Бертрам, во писмо до парламентот истакна дека саботажата е „неприфатлива“ и дека ваквите дејствија „грубо“ ја преминуваат границата.

    Прочитај повеќе

    Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата

    22.10.2026 во 23:01

    Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи

    22.10.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.