Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Полска затвори два аеродрома поради закани со руски беспилотни летала

    Полска затвори два аеродрома поради закани со руски беспилотни летала

    16.09.2026 во 09:381 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Полската државна агенција за управување со воздушниот сообраќај и контрола на небото (PANSA) соопшти дека започнале операции на воена авијација во воздушниот простор на земјата поради закани од руски беспилотни летала кои дејствуваат во соседна Украина. Ова довело до привремено затворање на два аеродрома на истокот од земјата.

    „Во врска со нападите извршени од Руската Федерација со употреба на беспилотни летала со млазен погон на територијата на Украина, започнале операции на воена авијација во полскиот воздушен простор. Поради потребата да се обезбеди слобода на дејствување за воената авијација, аеродромите во Лублин и Жешов привремено ги прекинаа летовите“, се вели во соопштението на PANSA објавено на платформата X.

    Од Оперативната команда на полските вооружени сили потврдија дека се активирани потребните сили и средства преку Центарот за воздушни операции, со цел спроведување на утврдените процедури.

    „Компените системи за воздушна одбрана и извидувачките радари се ставени во состојба на готовност. Овие мерки се превентивни по природа и имаат за цел обезбедување и заштита на воздушниот простор, особено во областите што се граничат со загрозените зони“, се наведува во соопштението.

    Надлежните служби остануваат во состојба на зголемена готовност, а ситуацијата во воздушниот простор се следи во реално време.

    Прочитај повеќе

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.