Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”

    29.10.2026 во 08:55

    Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите

    29.10.2026 во 08:51

    Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден

    29.10.2026 во 08:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: „Државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите”
    • Имате проблем во зградата? – Кисела Вода отвори адреса за пријави од станарите
    • Драма во Скопје: Ја нападнале и ограбиле среде бел ден
    • Семејна драма во Македонија: Татко си го пријавил синот во полиција
    • Ден за молитва и помагање: Се слави светителот кој поверувал во Христос при распнувањето
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува лош пресврт со времето
    • СДСМ со критики до Апасиев: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
    • Водовод најави исклучување – Скопска населба останува без вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пресуда во Хаг: Тачи, Весели, Селими и Красниќи денеска ја очекуваат одлуката за воени злосторства

    Пресуда во Хаг: Тачи, Весели, Селими и Красниќи денеска ја очекуваат одлуката за воени злосторства

    16.09.2026 во 10:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешните високи функционери на Ослободителната војска на Косово, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, денеска во Хаг треба да ја слушнат првостепената пресуда во еден од најзначајните судски процеси поврзани со војството во Косово. Обвинителството побара казни од по 45 години затвор, додека обвинетите во целост ги отфрлаат наводите. Изрекувањето е закажано за 10 часот по средноевропско време пред Специјализираните совети на Косово.

    Четворицата поранешни лидерски фигури се товарат по шест точки за злосторства против човештвото – меѓу кои прогон, затворање, мачење, убиство и присилно исчезнување – како и по четири точки за воени злосторства, објави 4news.mk. Според обвинението, делата биле извршени од март 1998 до септември 1999 година на повеќе локации во Косово и во северна Албанија, насочени против стотици цивили и лица кои не учествувале во борбите. Сите четворица претходно се изјаснија за невини, додека обвинението се потпира на докази за нивна индивидуална одговорност.

    Судењето се одвива во амбиент на високи политички и општествени тензии. За голем дел од косовските Албанци, обвинетите остануваат симболи на борбата за независност, поради што изминатите денови беа организирани масовни собири во Приштина, како и протестен собир во Скопје на плоштадот „Скендербег“, каде поддршка изрази и поранешниот командант на ОНА, Џезаир Шаќири – Хоџа. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно порача дека маршираат за поддршка на ослободителите и предупреди дека во случај на остра осудителна пресуда можни се ревонти и појава на незадоволни групи.

    Од друга страна, Специјализираните совети нагласуваат дека судот не одлучува за легитимноста на борбата за независност или улогата на НАТО, туку исклучиво за индивидуалната кривична одговорност за конкретни дела против цивили. Овој процес отвора судир меѓу наративите – додека поддржувачите стравуваат од изедначување на борбата на УЧК со српските сили, семејствата на жртвите и исчезнатите инсистираат на безусловна индивидуална одговорност.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Маж прославувал раѓање на дете, па по расправија со нож го прободел колегата – Инцидент во Батајница

    28.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.