- Претседателката: Оставете нѐ да се европеизираме
- Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите
- Руски функционер тврди: „Вонземјаните работат на оставката на Кир Стармер“
- Хаос во Пефкохори: Забрането капење во морето поради излевање на канализација
- Викенд уживање: Сонце и температури до 32 степени
- Нетанјаху со порака до Трамп: Додека сум премиер, Иран нема да има нуклеарно оружје
- Ѓорѓиевски на средба со скопските градоначалници: Ги утврдивме приоритетите
- Средба на Сиљановска-Давкова со Здружението на воени ветерани и воени инвалиди „Братство 2001“
Author: Author 04
Шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Загреб, на покана на неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман. Главна цел на средбата е унапредување на билатералните односи и подготовка за потпишување на клучниот Договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. Како што информираат од МНРиНТ, двајцата министри ќе разговараат за продлабочување на соработката во секторите енергетика, здравство, култура и туризам. Посебен акцент ќе биде ставен на економската соработка и новите иницијативи за развој во сферите од заемен интерес. Европската агенда на Македонија останува во центарот на вниманието. Муцунски и Радман ќе дискутираат за перспективите за динамизирање на…
Во законодавниот дом денеска ќе се одржи 101. пленарна седница, на која централна точка на дневниот ред е поставувањето на пратенички прашања. Како што е вообичаено за секој последен четврток во месецот, членовите на Владата ќе одговараат на прашањата на народните избраници. Според воспоставената деловничка процедура, првиот збор за поставување прашања до премиерот и министрите го имаат пратениците од опозициските партии. Оваа седница претставува директен механизам за контрола на работата на извршната власт од страна на Собранието. Паралелно со седницата, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе организира неформална средба со новинарите и претставниците на медиумите. Како што е најавено,…
Македонија денеска се наоѓа под влијание на влажна и студена воздушна маса која ќе донесе облачно време со врнежи од дожд. Според метеоролозите, наместа врнежите ќе бидат пообилни, со наталожен воден талог од 15 до 20 литри на квадратен метар. Поради продор на постуден воздух од север, на планините дождот ќе премине во снег. Дополнително, ќе дува умерен до засилен северен ветер, чија брзина на моменти ќе надминува 60 километри на час. Максималните температури ќе се движат од 10 до 18 степени Целзиусови. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер. Температурата во…
Утре се слави Преподобномаченик Кипријан слепченски.Во времето кога, заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да владеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча, на Велики четврток, во 1780 година. Притоа, свирепо го мачеа игуменот Кипријан и го гореа по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа, храбро застана како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи го полумртов, разбојниците зедоа сè што беше вредно во манастирот. Храбриот, пак, Кипријан, по тридневното страдање, замина при Бога на денот на славното Христово Воскресение.
Астролозите предвидуваат дека месец мај ќе биде пресуден за четири хороскопски знаци кои се наоѓаат пред големи животни лекции. Според толкувањата, нивниот напредок во кариерата, љубовта и финансиите директно зависи од тоа дали ќе успеат да ги совладаат сопствените внатрешни бариери.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, по најновиот телефонски разговор со рускиот лидер Владимир Путин, изрази оптимизам дека конфликтите во Украина и Иран се движат кон завршница по сличен временски распоред. Трамп упати остри оцени за воената моќ на противниците, нагласувајќи дека Украина е воено поразена, додека иранските капацитети се десеткувани. Во изјава за CNN, Трамп посочи дека иранската морнарица претрпела огромни загуби, што според него, значително ја менува позицијата на Техеран во преговорите. „Не би го знаеле тоа од читање лажни вести, но воено, можеби погледнете, тие имаат 159 бродови – секој брод е под вода во моментов. Би им…
Од среда, 22 април, стапија во сила новите правила на Европската Унија кои воведуваат строги контроли за патување со домашни миленици. Најголемите промени ги погодуваат сопствениците од Велика Британија, кои повеќе не можат да ги користат старите пасоши за миленици, туку мора да обезбедат посебни здравствени сертификати. Овие измени се однесуваат на некомерцијално движење на кучиња, мачки и порове. Сопствениците кои имаат живеалиште во Велика Британија сега мора да поседуваат Здравствен сертификат за животни (AHC), кој се издава за секое патување поединечно. „Пасошите за домашни миленици од ЕУ издадени на жители на Велика Британија пред 22 април 2026 година наскоро…
Таксист кој работи преку познати светски апликации предизвика лавина коментари на социјалната мрежа Reddit, откако јавно призна дека бара неверојатни 200 евра дополнително доколку патникот се појави со домашен миленик без претходна најава. Возачот вели дека патниците често нарачуваат стандардно возење за да заштедат, а потоа се изненадени од неговата реакција. „Ги потрошивте времето и парите за да стигнам до вас. Кога ќе видам куче, велам дека можете да влезете, но платете 200 евра дополнително. Потоа сте изненадени“, напиша тој. Тој објаснува дека доколку патникот одбие да плати, тој не го откажува возењето веднаш, туку чека пет минути за на…
Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа нагол пораст, при што нафтата од типот Брент ја надмина границата од 117 долари за барел. Главна причина за овој скок се зголемените геополитички тензии околу Ормутскиот теснец и стравот кај инвеститорите дека овој клучен транзитен премин може да остане затворен подолго време. Според берзанските податоци, суровата нафта од типот WTI поскапе за 4,94 проценти на 104,774 долари, додека Брент порасна за 5,13 проценти, достигнувајќи 117,001 долари. Тензиите дополнително се загреаја по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social. „Подобро е наскоро да се вразумат“, напиша Трамп упатувајќи…
Апелацискиот суд во Словачка денеска ја потврди затворската казна од 21 година за Јурај Цинтула, кој во мај 2024 година се обиде да изврши атентат врз премиерот Роберт Фицо. Со оваа одлука пресудата станува конечна, а Цинтула е прогласен за виновен за извршување терористички напад. Судот ја коригираше правната квалификација на првостепениот суд, нагласувајќи дека нападот не бил насочен кон Фицо како поединец, туку како кон прв човек на Владата чии политики напаѓачот не ги поддржувал. За време на судскиот процес, Цинтула се бранеше дека немал намера да го убие премиерот, туку само да го спречи во вршењето на функцијата.…
