- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
- Претседателката: Оставете нѐ да се европеизираме
- Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите
- Руски функционер тврди: „Вонземјаните работат на оставката на Кир Стармер“
Author: Author 04
Министерот за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски доцна вечерва извршија обиколка на автопатот Охрид – Кичево.На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден, посочи Николоски. Николоски соопшти дека од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево. „Кога се има јасна цел, силна координација и волја – резултатите се неизбежни. Интензивно работиме и на споредните…
Вчера во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид со тешки телесни повреди на ногата бил донесен П.С.(36) од село Мороишта, струшко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за градежна фирма од Струга на автопатот во изградба Охрид-Кичево, односно при утовар-истовар на бетонски цевки паднала една цевка и го повредила, соопштија од полицијата. Увид на местото извршиле екипа од СВР Охрид и трудов инспектор.
Европската Унија воведува радикални промени за пазарот на паметни телефони и таблети. Почнувајќи од 18 февруари 2027 година, сите уреди што се продаваат на европскиот пазар ќе мора да имаат батерии кои корисниците можат сами да ги заменат со основни алатки. Оваа одлука значи крај за запечатените уреди и скапите сервиси само за промена на истрошена батерија. Производителите ќе бидат обврзани да обезбедат достапност на резервни делови со години откако одреден модел ќе престане да се произведува. Целта на оваа мерка е да се намали електронскиот отпад и да се продолжи животниот век на технологијата. Инженерите сега се соочуваат со…
Трагичен настан го потресе Земун утрово, откако 65-годишен маж ненадејно починал на улица. Според првичните информации, човекот седнал на клупа да се одмори, по што наеднаш му се слошило. Очевидците кои биле во близина веднаш притрчале да помогнат и повикале итна медицинска помош. Изгледал уморен, седел на клупа како само да сакал малку да се одмори. Во еден момент, се струполил, луѓето веднаш истрчале да помогнат – изјавил еден од очевидците за српските медиуми. Екипите на брзата помош пристигнале набрзо и веднаш започнале со реанимација, но за жал, напорите на лекарите биле залудни. Неофицијално, се сомнева дека причина за смртта…
Двајца британски државјани со еврејско потекло, на возраст од 34 и 74 години, се избодени со нож во предградието Голдерс Грин во северниот дел на Лондон. Метрополитен полицијата и официјално го квалификуваше инцидентот како терористички напад, а истрагата треба да утврди дали цел била конкретно еврејската заедница. Напаѓачот, 45-годишен маж со историја на насилство и ментални проблеми, е уапсен откако се обидел да ги нападне и полицајците кои интервенирале. Тој бил совладан со помош на електрошок, откако првично постоел сомнеж дека носи експлозивна направа. Жртвите се пренесени во болница и се наоѓаат во стабилна состојба. Шефот на антитерористичката полиција, Лоренс…
Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (30.04.2026 година) дел од корисниците во општина Карпош ќе останат без струја. Прекинот ќе ги опфати корисниците лоцирани на улицата „Ловќенска“, поточно објектите со броевите 27, 29, 31, 33, 35 и 37. Како што се наведува во соопштението, напојувањето со електрична енергија ќе биде во прекин во периодот од 09:00 до 14:00 часот.
Пратениците на денешната 98. седница, по скратена постапка, усвоија пакет законски измени. Меѓу најзначајните се измените во Законот за Владата, со кои по следните парламентарни избори официјално се укинува техничката влада, која беше воведена како механизам за фер избори во 2016 година. Сериозна дебата предизвика Законот за минерални суровини, кој овозможува јавните претпријатија, со владина согласност, да добиваат концесии за геолошки истражувања. Опозицијата обвини за можни злоупотреби на поимот „јавен интерес“ на штета на сопственоста на граѓаните. Од владејачкото мнозинство ги отфрлија овие обвинувања. Пратеникот Бојан Стојаноски нагласи дека законот се однесува исклучиво на јавните претпријатија и на експлоатација на…
Техничката влада е клучен механизам за обезбедување фер и демократски избори, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на собраниската седница. „Техничката влада на прв поглед се наметнува како тема поврзана со институционална хигиена, а всушност отвора многу подлабока политичка рана. Се претставува како рационализација на системот, како враќање кон нормалноста и ослободување на изборниот процес од едно преодно решение. Но овде лежи политичкото, егзистенцијално прашање од кое Владата бега: дали Македонија конечно изгради држава во која никому нема да му биде потребна техничка влада?“, истакна Битиќи.Тој нагласи дека техничката влада не е европски стандард, туку резултат на слабости во…
Денеска на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана за поставени експлозивни направи во повеќе училишта во Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу училиштата, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби.
Македонија утре, на 30 април, ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса, што ќе донесе значителна промена на временските услови. Се очекува облачно време проследено со врнежи од дожд. На поединечни места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина од 15 до 20 литри на метар квадратен. Покрај дождот, дополнителен проблем ќе создава ветерот. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Неговата брзина повремено ќе надминува 60 километри на час, што бара зголемена внимателност при движењето на отворено.
