Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:171 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер.

    На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската мрежа, електричната мрежа и оптичките влакна, реставрацијата на калдрмата со травертински камен, поставувањето ново традиционално осветлување и уредувањето на пешачките површини.

    „Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија и денес резултатите се видливи. По повеќе од пет децении, реализираме темелна реконструкција, од подземната инфраструктура до конечниот изглед, притоа зачувувајќи го идентитетот што ја прави Чаршијата посебна. Со инвестиција од над 28 милиони денари, создаваме подобри услови за граѓаните, занаетчиите, бизнисите и посетителите“, изјави Меџити.

    Со завршувањето на проектот, Старата скопска чаршија ќе добие модернизирана инфраструктура и пофункционални јавни површини, истовремено зачувувајќи ги своите историски и автентични вредности.

    Прочитај повеќе

    Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини

    06.10.2026 во 16:16

    Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче

    06.10.2026 во 11:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.