- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година животот го загубија 63 лица, а преку 200 беа повредени. Обвинителството, застапувано од тим од 15 јавни обвинители, презентираше опсежна медицинска документација и вештачења кои ја отсликуваат тежината на трагедијата. Обвинителката Наташа Сарамандова пред судот ги изведе вештачењата за: Според доказите, повредените се соочиле со тешки последици, вклучувајќи: Обдукциски наоди за смртните случаи Пред презентирањето на повредите, Обвинителството ги изведе обдукциските наоди од Институтот за судска медицина. Резултатите покажуваат дека за мнозинството жртви (59 лица), смртта била насилна…
Лишени од слобода тројца измамници, земале пари и златен накит од битолчанка за наводна операција на нејзината ќерка, поднесена кривична пријава Полициски службеници од СВР Битола и Одделот за криминалистичка полиција ги лишија од слобода Е.Ј.(46) од Скопје, Д.Т.(48) од Свети Николе и А.Т. (45) од Дојран и против нив поднесоа кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама’’. На 09.03.2026, пријавените со уште едно лице, со лажно прикажување на факти довеле во заблуда жена од Битола дека нејзината ќерка ја скршила ногата и требало да се направи итна операција и ѝ побарале пари, по што…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Африм Гаши, во Љубљана оствари официјална средба со претседателот на Собранието на Република Словенија, г. Зоран Стевановиќ.На средбата беа потврдени одличните односи и стабилното партнерство меѓу Северна Македонија и Словенија, со посебен акцент на потребата од интензивирање на меѓупарламентарната соработка и градење нови мостови на соработка во области од заеднички интерес.Претседателот Стевановиќ ја истакна посветеноста на продлабочувањето на соработката меѓу двете земји и ја потврди силната поддршка на Словенија за европската интеграција на Северна Македонија.Од своја страна, претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната поддршка на Словенија за процесот на реформите и европската…
Со завршните зборови на Обвинителството и одбраната, пред Основниот суд заврши главната расправа за случајот во кој смртно настрадаа Ивана Стојановска и нејзината ќерка Катја. Обвинителството побара најстрога казна за обвинетиот Стојанче Јовановски, оценувајќи дека тој дејствувал свесно и со полна одговорност. Застапничката на обвинението, Адела Бојчевиќ, потенцираше дека насилството не е поврзано со евентуално психичко заболување, туку произлегува од карактерните особености на обвинетиот. Од друга страна, адвокатскиот тим на Јовановски смета дека обвинението е неосновано. Тие во своите завршни зборови посочија на недостиг од директни докази, нагласувајќи дека обвинетиот не може да се товари за поттикнување на самоубиство без…
Основниот суд во Штип денеска му изрече казна доживотен затвор на 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој беше обвинет за убиство на 79-годишната Борјанка Николова. Пресудата ја објави судијката Јулијана Недкова, откако Асанов беше огласен за виновен за злосторството што ја потресе јавноста минатата година. Според обвинението, Асанов го извршил грозоморното убиство на монструозен и немилосрден начин. Со остар предмет тој и ги отсекол главата и нозете на оштетената, а трупот со рацете го закопал во дворот од неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место. И покрај обемните претраги спроведени од полицијата и штипското комунално претпријатие „Исар“,…
ЗНАМ денеска обвини дека во СДСМ постои раскол поради Законот за Влада. Единствениот раскол што СДСМ го имаше беше токму во моментот кога екипата од ЗНАМ, водена од свои лични интереси и пари добиени од криминалната група ВМРО, се обиде да го растури СДСМ одвнатре, се наведува во соопштението од СДСМ. „Тогаш се случи вистинскиот раскол, помеѓу предавници и платеници од една страна, и вистинските членови на СДСМ, кои и денес се борат за подобра иднина на граѓаните, од друга страна. ЗНАМ не е ниту партија, ниту позиција. ЗНАМ е сателитска платеничка група создадена и финансирана од ВМРО со единствена…
Две лица лишени од слобода, а со три извршен службен разговор од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие На 27.04.2026 во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Н.А.(38) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20:00 часот агресивно се однесувал кон неговата 36-годишна сопруга. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. На 28.04.2026 во 03:45 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода С.Ц.(34) од Крива Паланка затоа што физички ја нападнал неговата 26…
Лишени од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, двајца со активна забрана и еден под дејство на алкохол. Двајца возачи во Куманово и по еден во Скопје, Тетово, Крива Паланка, Кочани и Валандово управувале возило без возачка дозвола. По еден возач во Охрид и Дебар управувале возило со активна забрана, додека еден возач во Скопје управувал возило под…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Гостивар и В.Д.(44) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’ и „послужување“. Во текот на 2025, со прикривање факти, и покрај тоа што била одземена лиценцата за управување со станбени згради, фирмата продолжила да им наплатува на станарите, наводно за извршени услуги (реновирање и уредување во внатрешни простории на зградата) при што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 208.500 денари на име резервен фонд. Додека, второпријавениот неовластено се послужил со паричните средства во износ од 208.500 денари кои му биле доверени од група станари…
Вчера во 09:20 часот во СВР Штип, В.А.(43) од Штип пријави дека во подрумскиот дел од неговата куќа пронашол неактивирана експлозивна направа. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана минофрлачка граната калибар 82мм, која потекнувала од Првата светска војна. Извршен бил увид.
