Close Menu
Press24
    Најново

    Трчајте на бензинска, РКЕ одлучи: поскапуваат нафтата и бензинот

    07.09.2026 во 12:49

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски за Денот на независноста: Нашата нова историска борба е од мала држава да создадеме место со големи можности
    • Нова акција на МВР: Уапсени 11 возачи, 10 од нив немале возачка
    • (ФОТО) Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста
    • Прегазен пешак во Прилеп
    • Приведена свекрва од Теарце – ја нападнала снаата
    • Семејна драма во гостиварско: Си ги нападнал братот и снаата под дејство на алкохол
    • Приведен тетовчанец: Уценувал сограѓанка со експлицитни фотографии и ѝ барал пари
    • Двајца 13-годишни малолетници повредени во судир со мотоцикли во струмичко Мокриево
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски за Денот на независноста: Нашата нова историска борба е од мала држава да создадеме место со големи можности

    Мицкоски за Денот на независноста: Нашата нова историска борба е од мала држава да создадеме место со големи можности

    08.09.2026 во 15:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со пораки за национално обединување, економски напредок и градење силна држава за идните генерации, премиерот Христијан Мицкоски се обрати на свеченоста под мотото „Силно светнал ден!“, што се одржа на платото пред Владата по повод 35-годишнината од независноста.

    Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека овој јубилеј мора да претставува пресвртна точка за државата.

    „Верувајте во нашата татковина. Не затоа што е совршена. Туку затоа што е наша и затоа што можеме да ја направиме подобра. Не затоа што немаме проблеми. Туку затоа што имаме сила да ги решиме. Не затоа што историјата ни ветила победа. Туку затоа што ние сме подготвени да ја заслужиме“, порача премиерот пред присутните.

    Тој нагласи дека по 35 години фокусот треба да биде насочен кон иднината и изградбата на посилна и обединета земја во која младите ќе ја гледаат својата перспектива.

    Мора да успееме. Затоа што народот што со векови научил како да преживува сега мора да научи како да победува во мир, како да произведува знаење, како да гради институции што нема да зависат од волјата на поединецот, како да ги задржи своите најдобри деца дома и како од мала држава да создаде место со големи можности. Тоа е нашата нова историска борба – рече премиерот Мицкоски.

    Премиерот упати и директна порака за надминување на внатрешните поделби во општеството.

    За сите има место и почит под ова небо и знаме. И не постои ваша и наша татковина, ваш и наш премиер, ваша и наша влада, ваша и наша историја. Има само една татковина, еден сон, една борба. Една идеја. Само една и единствена Македонија. И премалку сме да се делиме!, посочи Мицкоски.

    Во однос на политичките разлики, тој истакна дека заедничкиот интерес за државата мора да биде над сите несогласувања.

    Држава на сите луѓе не треба да биде само политички концепт. Треба да биде наш општествен договор. Ветување едни кон други дека никој нема да биде помалку важен затоа што е различен, дека никој нема да биде оставен зад нас и дека државата ќе биде доволно голема за сите нејзини граѓани. Да им оставиме држава во која нема да наследат стари омрази, туку нови можности, порача Мицкоски.

    Осврнувајќи се на економските показатели, премиерот оцени дека Владата постигнува резултати и во сложени услови.

    Највисок раст на БДП од 4.3 проценти кој е еден од најдобрите во Европа. Инфлацијата која порано беше двоцифрена е под контрола. За првпат по подолг период имаме ситуација во која извозот расте побрзо отколку увозот. На тој начин се намалува дефицитот во трговската размена во првите седум месеци од годината, а тоа е особено изразено во јули, кој е прв месец од третиот квартал. И не велам дека се е идеално и дека се живее одлично. И ја разбирам секоја мака на граѓаните, но тука сме да работиме деноноќно за резултати и нашата иднина – посочи Мицкоски.

    Свечениот настан започна со изведување на државната химна од страна на Воениот оркестар и подигање на државното знаме, а на одбележувањето присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, министри, пратеници и претставници на дипломатскиот кор и верските заедници.

    Прочитај повеќе

    Нова акција на МВР: Уапсени 11 возачи, 10 од нив немале возачка

    08.09.2026 во 15:06

    (ФОТО) Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Киро Глигоров, Борис Трајковски и Никола Кљусев по повод Денот на независноста

    08.09.2026 во 14:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.