- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
- Пет грешки што ја уништуваат климата во автомобилот: Оваа најчесто ја прават сите возачи
- Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
- Независните гласачи сè понезадоволни од Доналд Трамп: нови податоци за пад на поддршката
- Авионот на Папата приземјен поради технички проблем
- Три тивки знаци на кожата што може да укажуваат на ризик од дијабетес
Author: Author 04
Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска ќе извршат посета на објектот на Универзалната сала. Како што е најавено, тие официјално ќе го означат продолжувањето на градежните активности за реконструкција на ова значајно здание во Скопје. Во рамки на посетата, предвидено е да биде презентиран и проектот за реконструкција на салата, како и обиколка на градилиштето. По завршување на увидот, во 11:10 часот, предвидени се изјави за медиумите.
Денешниот ден носи сончево време низ целата земја со мала до умерена локална облачност. Единствено во југозападните делови попладне е можна појава на слаб дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималните дневни температури ќе се искачат до 25 степени. Во Скопје се очекува сончево време со температура до 25 степени. Сепак, стабилниот период завршува на почетокот на неделата. Од вторник почнува период на променливо облачно време со врнежи од дожд. „Во среда на повеќе места се очекува појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен…
Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби, сопштија од МВР.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше за финализирањето на работите на новата улица „СРУ 5“. По завршувањето на асфалтирањето, екипите на Јавното претпријатие „Паркинзи“ интензивно работат на исцртување на хоризонталната и поставување на вертикалната сообраќајна сигнализација. Јавното претпријатие „Паркинзи“ работи на поставување и бележење на хоризонталната и вертикалната сигнализација врз основа на одобрен сообраќаен проект за траен режим за оваа улица. Како што веќе информиравме „СРУ 5“ има и велосипедска патека, соопшти градоначалникот Коњановски. Како изгледа новата улица погледнете од видеото.
Трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска е целосно евакуиран откако во Министерството за внатрешни работи пристигнала заканувачка порака за поставена експлозивна направа. Според првичните информации од МВР, заканата е добиена денеска, 25 април 2026 година, преку електронска пошта испратена на адреса на Министерството. Веднаш по приемот на пораката, активирани се безбедносните протоколи, а трговскиот центар е испразнет од вработените и посетителите. Полициски службеници веќе се на терен и вршат детални антитерористички проверки во објектот со цел утврдување на веродостојноста на дојавата и обезбедување на локацијата.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го поддржува предлогот за ограничување на двојното државјанство за пратениците, но смета дека тој принцип треба да биде проширен и на останатите носители на високи државни функции. Во нејзиниот став, претседателката појаснува дека не станува збор за целосно укинување на правото на двојно државјанство, туку за концепт на „замрзнување“ на ова право додека лицето ја извршува државната функција. Ограничувањето треба да се однесува на претседателот, премиерот, министрите и пратениците. Функционерите нема да мора да се откажат од второто државјанство, туку истото би било во мирување (замрзнато) додека трае мандатот. Претседателката сугерира дека ваквите ограничувања може да…
Министерството за здравство ја информира јавноста дека останува цврсто посветено на принципите на стручност, законитост и правичност во функционирањето на здравствениот систем. Секое постапување спротивно на законските прописи и медицинските стандарди ќе биде предмет на соодветни институционални постапки, во соработка со надлежните органи. – Безбедноста на пациентите и квалитетот на здравствените услуги се наш врвен приоритет. Најголем дел од здравствените работници чесно, совесно и стручно ја работат својата работа. Апелираме доследно да ги почитуваат професионалните и етичките норми. Апел до граѓаните е да користат услуги исклучиво од овластени и лиценцирани даватели на здравствена заштита. Истовремено, потсетуваме на начелото за презумпција…
Лице со 100-процентен воен инвалидитет, корисник на постојана нега и помош, со семејство и малолетни деца, повеќе од 15 години чека Комисијата за станбени прашања при Владата да одлучи за неговото барање за безбедно и трајно сместување. Случајот го води и Народниот правобранител, кој во најновиот извештај ја нотирал негрижата на оваа владина комисија. „Комисијата најчесто доставува формални одговори дека барањата сé уште не се разгледани, односно дека ќе бидат разгледани на некоја од нејзините наредни седници“, стои во извештајот на Омбудсманот. Сопругата на воениот инвалид вели дека постапката трае со години, со повеќе барања, дополнувања и ургенции. „Значи, станува…
Лишени од слобода 14 лица, сузбиени организирани криминални групи за нелегална продажба на лекови и медицински помагала На 23.04.2026 од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, спроведена е полициска акција, при што сузбиени се организирани криминални групи инволвирани во извршување на кривични дела „злосторничко здружување“, „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „примање поткуп“. Во рамките на акцијата, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола, при што лишени…
Како резултат на повеќемесечна, темелна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал реализираше координирана и обемна акција за разбивање на организирана криминална група. Во рамки на акцијата, врз основа на претходно обезбедени судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола. Приведени се 14 лица, меѓу кои и доктори од ЈЗУ „8 Септември“ и ЈЗУ „Универзитетска клиника за дерматологија – Скопје“, како и сопственици на приватни дерматолошки ординации и лица кои организирале транспорт и дистрибуција на нелегално внесени лекови и медицински…
