Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја седум часа – ЕВН најави исклучувања во една скопска општина

    08.09.2026 во 11:38

    Силен земјотрес утрово во Охрид и Струга

    08.09.2026 во 06:09

    Мицкоски: Со инвестиција од 2,7 милиони евра модернизиран аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

    08.09.2026 во 11:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Судењето за „Државна лотарија“ e одложено
    • Јаневска за лошата рангираност на ПИСА: Ова се резултати од претходните реформи, ефектот од новите ќе се види за 10 години
    • Јаневска: Го повлекуваме предметот сексуално образование
    • Јаневска: Го повлекуваме предметот Сеопфатно сексуално образование
    • Почнува изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија
    • ЕВН за утре најави исклучувања во неколку скопски општини – проверете дали ќе имате струја
    • Системот „Безбеден град“ од сабота стартува и во Велес
    • Судијата Стојанче Рибарев се врати во Врховниот суд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за „Државна лотарија“ e одложено

    Судењето за „Државна лотарија“ e одложено

    09.09.2026 во 13:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Поранешниот директор на Државна лотарија и првообвинет во предметот, Перпарим Бајрами, утрово му се предаде на истражните органи на граничниот премин „Блаце“, по што е спроведен во затворот во Скопје. Поради ова, Основниот кривичен суд Скопје ги отповика рочиштата закажани за 11 и 16 септември и судењето го презакажа за 18 септември.

    Од Кривичниот суд појаснуваат дека одложувањето е со цел на обвинетиот да му се овозможи законскиот рок од осум дена за увид во обвинителниот предлог и доказите.

    Управата на КПУ Затвор Скопје го извести Основниот кривичен суд Скопје дека Перпарим Бајрами, прво обвинет во предметот со К.бр. 1494/26 поврзан со Државната лотарија, а кој се барање со меѓународна потерница, утрово, нешто по 7 часот е спроведен во затворот на издржување на претходно определената мерка притвор. Заради тоа судот, во текот на денов, на обвинетиот ќе му достави примерок од обвинителниот предлог како би можел да се запознае со истиот, а со оглед да Законскиот рок за увид во предлогот и доказите е 8 дена, расправите насрочени за 11 ти и 16 ти септември се отповикуваат а судењето ќе продолжи на 18 ти септември во 12:00 часот – информира Кривичниот суд.

    За Бајрами беше распишана меѓународна потерница откако претходно беше недостапен за органите на прогонот. По неговото спроведување во истражниот затвор, од Основното јавно обвинителство Скопје потврдија дека судската постапка против него за злоупотреба на службената положба е во тек, но и дека против него се водат и други истраги.

    По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје против обвинетиот се води судска постапка. За него, по предлог на јавен обвинител, веќе е определена мерка притвор која е активна. Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења, наведуваат од ОЈО Скопје.

    Покрај Бајрами, во овој предмет за злоупотреби во „Државна лотарија“ се обвинети и поранешниот вицепремиер Артан Груби, како и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

    На рочиштето што се одржа неделава, обвинетите се изјаснија дека не чувствуваат вина. Единствено Башким Авдиу изјави дека не го разбира обвинението и побара да му биде доставено на неговиот мајчин, албански јазик.

    Обвинението, застапувано од јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, товарeше дека во текот на 2023 и 2024 година обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

    Прочитај повеќе

    Јаневска за лошата рангираност на ПИСА: Ова се резултати од претходните реформи, ефектот од новите ќе се види за 10 години

    09.09.2026 во 13:38

    Јаневска: Го повлекуваме предметот сексуално образование

    09.09.2026 во 13:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.