Author: Author 04

По трагичниот настан на градилиштето во Кисела Вода, каде еден работник го загуби животот, здравствената состојба на останатите повредени останува во фокусот на јавноста. Како што информираат медицински извори за Телма, денеска во Ургентниот центар во Скопје е примен уште еден работник од истото градилиште. Според првичните информации од Клиниката за трауматологија, новопримениот работник се здобил со полесни повреди, а повеќе детали за неговата состојба ќе бидат познати по завршувањето на сите лекарски прегледи. Раководителот на Трауматологија, д-р Арсовски, ја потврди сериозноста на ситуацијата со претходно хоспитализираните лица: Еден од првичните тројца повредени работници се наоѓа на КАРИЛ поради тешки…

Повеќе

Лагите и лажниот патриотизам на Мицкоски сè повеќе се разобличуваат и секој ден сè повеќе излегуваат на виделина, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција. Филипче на прес-конференцијата упати прашање до власта, зошто отпосле ќе бараат мислење од правни експерти за двојните државјанства. „Премиерот ќе барал мислење од правни експерти. Зошто не побарале претходно? Зошто не побарале мислење од правни експерти пред пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поднесат тој закон во Собранието?“, рече Филипче. Тој посочи дека со ретерирањето на Мицкоски во однос на уставноста на законот за двојни државјанства поднесен од неговата партија, се разобличува уште…

Повеќе

Вчера во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, во правецот од Тетово кон Велес, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л.(42) од с.Ќојлија, скопско, товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Е.(40) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мицубиши“ со романски национални ознаки, управувано од М.Д.Б.(38) од Романија. Со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на товарните возила М.Л. и А.Е.,  констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, а со телесни повреди се здобил и сопатникот од патничкото возило Р.И.(50), констатирани во Градската болница…

Повеќе

Вчера околу 18:45 часот додека тројца полициски службеници на подрачјето на Чаир извршувале службени дејствија со цел приведување на лице барано поради сомнение за сторено кривично дело, од страна на десетина лица биле спречени во извршување на службената задача. Бидејќи лицата се оглушувале на наредбите, од страна на полициските службеници во воздух се испукани предупредувачки куршуми. Се работи на расчистување на случајот.  

Повеќе

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, едно лице лишено од слобода На 23.04.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје С.Д.(29) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р.(35) од Скопје. Исто така и Е.Р. пријави дека бил физички нападнат од С.Д., а употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 23.04.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 22.04.2026 во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П.. Се преземаат мерки за…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција истакна дека премиерот Христијан Мицкоски се повлекува од законот за двојни државјанства затоа што се дозна вистината дека министри, пратеници и други функионери на ВМРО имаат бугарски пасоши. „Вчера премиерот Христијан Мицкоски ретерираше од најавениот закон од неговите пратеници на ВМРО за тоа да пратениците немаат двојни државјанства. И уште една нивна лага е разобличена. Зошто? Поради тоа што министри и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалници, функционери, директори на јавни претпријатија имаат бугарски пасоши. Толку од нивниот патриотизам. Лажниот патриотизам сè повеќе се разобличува и секој ден сè повеќе излегува на виделина.“ рече претседателот Филипче.Претседателот Филипче потенцираше дека…

Повеќе

Државниот завод за статистика информира за промени во потрошувачката на енергетски ресурси во февруари оваа година во споредба со истиот месец лани. Податоците покажуваат значителен пад кај потрошувачката на нафтените продукти и природниот гас. Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 10,3 отсто, додека кај природниот гас е забележан пад од 16,5 отсто. Од статистиката појаснуваат дека намалувањето кај природниот гас е директен резултат на помалата активност на когенеративните постојки во земјава. Во февруари 2026 година, потрошувачката на енергенси изнесуваше:

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Атина учествуваше на министерскиот состанок на Акаба процесот посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот, каде се обрати на првата сесија за идентификување на заканите и проценка на испреплетеноста на организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот и предизвиците кои тие ги носат .Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека безбедносната реалност во регионот и пошироко е значително променета, при што организираниот криминал, трговијата со дрога и тероризмот сè почесто се испреплетуваат и функционираат како единствена, хибридна закана.„Денес веќе не можеме да ги третираме криминалот и тероризмот како одвоени…

Повеќе

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на настанот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, со кој беше означен почетокот на значаен проект во областа на сајбер безбедноста, што ги поврзува академската заедница, институциите и меѓународните партнери. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не значи само воведување нови технологии и услуги, туку и создавање безбедна, отпорна и доверлива дигитална држава. „Денешниот настан има поширока порака: дека Македонија не чека да реагира кога ќе се случи проблем, туку проактивно гради систем. Систем што ќе биде европски по стандарди, национален по одговорност и партнерски по пристап“, порача…

Повеќе

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска, во рамки на работната посета на Охрид, заедно со директорот на Завод и музеј – Охрид, Горан Патчев изврши увид во состојбата на Самуиловата тврдина и ги презентираше активностите што ќе се реализираат со цел заштита и ревитализација на културното наследство. Министерот нагласи дека заштитата, промоцијата и презентацијата на Охрид и Охридската споменична целина, која е дел од светското културно и природно наследство, претставува врвен приоритет за Министерството за култура и туризам. „Се наоѓаме на Самуиловата тврдина – еден од најзначајните симболи на историјата, културата и идентитетот на Охрид. Нашата заложба е ова…

Повеќе