Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето
    • Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти
    • Мицкоски: Растот ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто
    • ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ФОТО) Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје го расчистија отпадот околу стадионот и Градскиот парк по прославата

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Екипите на Град Скопје го расчистија отпадот околу стадионот и Градскиот парк по прославата

    09.09.2026 во 11:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Екипите на Град Скопје во текот на ноќта и раните утрински часови реализираа акција за расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк, по завршувањето на прославата за Денот на независноста, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

    Тој преку својот профил на социјалните мрежи упати благодарност до сите комунални работници кои учествуваа во теренските активности.

    „По ноќта исполнета со музика, радост и илјадници граѓани кои ја славеа независноста на Македонија, грижата за Скопје продолжи до раните утрински часови. Веднаш по завршувањето на светскиот спектакл, екипите на Град Скопје започнаа со расчистување на отпадот околу стадионот и во Градскиот парк. Со многу труд и посветеност, се погрижија зад големата прослава да останат убавите спомени, а утрово просторот повторно да биде чист и уреден“, порача Ѓорѓиевски.

    Градоначалникот истакна дека ангажманот на теренските работници заслужува почит од сите граѓани.

    „Упатувам искрена благодарност до секој работник кој ноќта ја помина на терен. Нивниот труд, честопати далеку од вниманието на јавноста, заслужува почит од сите нас. За нас, крајот на еден настан никогаш не е крај на обврската кон градот. Грижата за Скопје не запира!“, додаде тој во својата објава.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“

    07.10.2026 во 11:19

    СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес

    07.10.2026 во 08:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.