Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Старец прегазен и усмртен на Градско-Велес, полицијата трага по возачот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Задутре е Отсекување на главата на Свети Јован Крстител: Ден на строг пост и длабока традиција

    Задутре е Отсекување на главата на Свети Јован Крстител: Ден на строг пост и длабока традиција

    09.09.2026 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православната црква и нејзините верници на 11 септември го одбележуваат празников Отсекување на главата на Свети Јован Крстител, познат и како есенски ден на Свети Јован. Овој празник е запишан со црвена буква во црковниот календар и претставува сеќавање на страданието на светителот.

    Дента се почитува строг пост, независно од тоа дали празникот паѓа во среда, петок или друг ден, а во одделни краишта обичајот налага да не се консумира храна сè до зајдисонце.

    Преданието вели дека Свети Јован Крстител жестоко ги критикувал неморалот и развратот во тогашното општество, а особено управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Ирод ја истерал својата законита сопруга и се оженил со Иродијада, сопругата на својот жив брат Филип. Поради отворените критики: „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“, Ирод го затворил Јован, плашејќи се отворено да го погуби поради почитта што народот ја имал кон него.

    За време на роденденската прослава на Ирод, Саломија, ќерката на Иродијада, со својот танц го одушевила владетелот, по што тој ветил дека ќе ѝ исполни секоја желба. По совет на својата мајка, Саломија ја побарала главата на Свети Јован Крстител на послужавник.

    Ирод го исполнил ветувањето, по што главата му била предадена на девојката, а потоа и на Иродијада. Неговите ученици го погребале телото на светителот, додека благочестива жена подоцна тајно ја пренела и ја погребала неговата глава на Елеонската Гора во Ерусалим.

    Според верувањата, казната ги стигнала сите учесници во погубувањето. Ирод ја загубил битката со арапскиот цар Арета и го завршил животот во заточение заедно со Иродијада, додека Саломија трагично се удавила во река.

    За овој празник традицијата налага строг пост и избегнување на консумација на црвена храна и пијалаци кои симболизираат крв, а исто така не се врши ниту тешка физичка работа.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.