Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето
    • Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти
    • Мицкоски: Растот ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто
    • ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • ВИДЕО: Орце става асфалт на булеварот „Борис Трајковски“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вучиќ го распушта парламентот: Предвремени парламентарни избори во Србија на 25 октомври

    Вучиќ го распушта парламентот: Предвремени парламентарни избори во Србија на 25 октомври

    09.09.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предвремените парламентарни избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври, по најавата на претседателот Александар Вучиќ дека денеска напладне ќе го распушти Народното собрание и официјално ќе ги распише изборите.

    Во синоќешното интервју за Радио-телевизија Србија, Вучиќ потврди дека од Владата веќе го добил предлогот за распуштање на парламентарниот состав и најави потпишување на соодветните акти.

    „Прво е указот за распуштање на српскиот парламент, втората е одлуката за закажување на изборите. Ќе ги објавам обете одлуки во 12:00 часот. Изборите ќе се одржат на 25 октомври“, рече Вучиќ.

    Српскиот претседател ги упати своите пораки до политичките актери и студентите, барајќи од нив конструктивен однос за време на изборниот процес.

    „Им посакувам на сите успешна трка“, порача Вучиќ, изразувајќи уверување дека политичката криза во Србија ќе заврши по изборите. Тој додаде дека ќе им честита на противниците доколку победат и дека ќе прифати каков било демократски изборен резултат.

    Во истото гостување, Вучиќ ги коментираше и критиките упатени кон Белград по погребот на Ратко Младиќ, кој пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија беше осуден за геноцид и воени злосторства.

    Запрашан за реакциите на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, тој посочи дека немал лоша намера кон нив и ги опиша како луѓе кои отсекогаш ја поддржувале Србија.

    Сепак, Вучиќ ја доведе во прашање оправданоста на критиките за присуството на луѓе на погребот на Младиќ, правејќи паралела со настани во соседството. Тој потсети на случајот со Динко Шакиќ, кому во 2008 година, според неговите зборови, му било дозволено да биде погребан во усташка униформа во Хрватска, како и на случајот со Слободан Праљак, по чие самоубиство во Хрватскиот сабор била одржана минута молчење. Исто така, Вучиќ додаде дека одлуката на Хашкиот трибунал со која шестмина хрватски офицери биле осудени била оценета како неправедна и неприфатлива во Хрватска.

    Прочитај повеќе

    Бугарскиот производител се сомнева дека во Хрватска била дадена 10 кратно поголема доза од вакцината

    07.10.2026 во 11:15

    Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност

    06.10.2026 во 23:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.