Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гори на пет локации во Македонија – ЦУК со најнови детали

    Гори на пет локации во Македонија – ЦУК со најнови детали

    09.09.2026 во 13:412 Mins Read
    ФОТО: Територијална Противпожарна Единица Крива Паланка
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На територијата на државата до 13:00 часот денеска се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор. Од нив, пет се сè уште активни, четири се ставени под контрола, а три пожари се целосно изгаснати.

    Според најновите информации од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активните пожари се бележат во следните општини:

    • Општина Струга: на потегот меѓу селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума.
    • Општина Македонски Брод: во селото Белица, на местото викано Кајорец кон селото Брезница, во близина на репетиторот, каде е зафатена нискостеблеста и мешана шума.
    • Општина Чучер-Сандево: кај селото Брест, на местото викано Рамно, каде што гори мешана шума.
    • Општина Крива Паланка: во селото Осиче, на местото Рамни Камен, каде што е зафатена борова шума.
    • Општина Гостивар: кај селото Печково, каде гори ниска вегетација и нискостеблести растенија.

    Под контрола на противпожарните екипи се ставени четири пожари: во Општина Македонски Брод кај селото Бенче (шумски пожар), во Општина Кичево кај селото Тајмиште на местото Дарда (ниска вегетација), во Општина Сарај кај селото Копаница (шумски пожар) и во Општина Ѓорче Петров на потегот меѓу селата Грачани и Никиштани (шума).

    Од ЦУК информираат дека целосно се изгаснати три пожари, и тоа во Општина Кичево над селото Кнежино на местото Црн Камен, во Општина Ново Село над селото Стиник, како и во скопската општина Карпош кај селото Бардовци, каде гореше ѓубре.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.