Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Општина Битола за една година реализираше 81 проект финансиран од Владата

    ВМРО-ДПМНЕ: Општина Битола за една година реализираше 81 проект финансиран од Владата

    09.09.2026 во 09:473 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во само една година, Општина Битола има 81 одобрен проект од двата владини повици финансирани преку унгарскиот кредит. Обновени и изградени се над 10 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел, реализирани се повеќе од 3 километри водоводна и канализациска мрежа, а реконструирани и изградени се 24 спортски и училишни терени и четири типски спортски сали, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Нови 220 нови паркинг-места на простори кои претходно биле узурпирани или се ослободени со изградбата на нови улици.

    Значаен дел од инвестициите се насочени кон создавање подобри услови за најмладите. Отворена е градинката „Пчеличка“ со капацитет за 475 деца, а во Домот за доенчиња и мали деца моментално се згрижени 76 деца.

    Во тек е изградбата на новата градинка во „Нова Битола“, со капацитет за 153 деца, како и градинката во комплексот АРМ, која ќе овозможи дополнително згрижување на 246 деца и намалување на листата на чекање.

    Во населбата Буковски ливади се гради ново училиште, инвестиција вредна над 31 милион денари.

    Продолжува и реконструкцијата на Центарот за спорт и рекреативни активности, поранешната боксерска сала. Проектот е поддржан од Владата со над 40 милиони денари, а по неговото завршување Битола ќе добие современ спортски простор од над 1.000 квадратни метри за бокс и авантуристички спортови.

    Во подготовка е и целосна реконструкција на ќумурното игралиште, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, како и изградба на нов спортски терен помеѓу игралиштето и салата „Боро Чурлевски“.

    Веќе е изградена 5 километри велопатека, а во тек е подготовка за нови 2,7 километри велопатеки. Со поддршка од Владата продолжува и изградбата на новиот булеварски влез во Битола.

    Културниот развој на градот го потврдуваат и бројките. Во изминатите десет месеци културните манифестации во Битола ги посетиле над 100.000 граѓани и гости, а преку Програмата за култура се обезбедени околу 45 милиони денари.

    За киното „Партизан“ е обезбедена инвестиција од 96 милиони денари, со што објектот ќе биде трансформиран во модерен и самоодржлив простор за кино, театар, изложби и мултимедијални настани.

    За реализација на Програмата за социјална заштита за 2026 година обезбедени се 14,6 милиони денари. Од нив, 1,5 милиони денари се наменети за поддршка на лицата со ретки болести, а се обезбедуваат и средства за рехабилитација и стручна поддршка за лицата и децата со попреченост.

    500.000 денари се наменети за адаптација на домовите на лица со попреченост. Општината продолжува со активности за унапредување на транспарентноста, интегритетот и антикорупцијата, во партнерство со младинските и невладините организации, бизнис-секторот и граѓаните.

    Меѓу капиталните проекти е и новата противпожарна зграда во поранешната касарна. Во проектот досега се инвестирани над 52 милиони денари.

    Објектот се гради на парцела од 3.300 квадратни метри и ќе има корисна површина од 1.600 квадратни метри.

    Втората фаза се реализира преку грант од Министерството за одбрана на САД во вредност од околу еден милион американски долари, со што објектот ќе биде опремен со современи енергетски ефикасни решенија.

    Посветеноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека промената во Битола се случува. Таа се гледа на улиците, во училиштата и градинките, на спортските терени, во културните објекти и во секојдневната инфраструктура на градот и населените места“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.