Close Menu
Press24
    Најново

    Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција

    29.10.2026 во 12:00

    Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ

    29.10.2026 во 11:45

    Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност

    29.10.2026 во 11:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Клековски: За операција на очите плаќал Фондот, ама плаќале и пациентите – детали за големата акција
    • Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во Владата – на иста линија се со Вучиќ
    • Нема повеќе заминување од Армијата на 45 години – Војниците добиваат нова можност
    • ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот
    • Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
    • На едно место постудено, на друго потопло – УХМР ги измери температурите, најавува „потоп”
    • Нови детали: За операции на очи наплаќале и од пациентите и од Фондот – под сомнение екс директорот на ФЗОМ Ден Дончев
    • Акција на „Таск форс“ во Македонија: Приведени две лица
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Автобус со ученици падна во провалија, најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа на Зеленортските Острови

    Автобус со ученици падна во провалија, најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа на Зеленортските Острови

    06.09.2026 во 15:132 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Најмалку 21 лице загина, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на островот Фого на Зеленортските Острови, откако автобус со ученици излетал од патот и паднал во провалија длабока околу 30 метри.

    Несреќата се случила синоќа на патот меѓу Ча дас Калдеирас и Кампанас де Сима, во северниот планински дел на општината Сао Филипе.

    Автобусот, кој ги враќал децата од излет, излетал од коловозот и паднал во стрмна и карпеста провалија, што дополнително ги oтежнало спасувачките операции на терен.

    Според локалните власти, повеќето од патниците биле млади луѓе и ученици од средните училишта од областите Курал Гранде и Понта Верде. Меѓу загинатите на лице место е и возачот на автобусот.

    При падот, најмалку десет патници биле исфрлени од возилото, додека дел од нив останале заглавени во уништениот автобус.

    Локалните образовни власти појаснија дека патувањето не било во организација на училиштата.

    Според нивните информации, станувало збор за приватна активност која возачот традиционално ја организирал секоја година за учениците кои ги превезувал во текот на учебната година.

    Повеќе од десет повредени лица итно биле примени во Ургентниот центар на Регионалната болница „Сао Франциско де Асис“ во Сао Филипе, каде што дел од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Медицинскиот персонал е целосно мобилизиран, а дел од повредените се упатени и во приватна клиника за дополнителни прегледи.

    Прочитај повеќе

    Надежите за преговори меѓу САД и Иран направија пресврт: Цената на нафтата тргна надолу

    29.10.2026 во 10:00

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.