Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ниту студот не ги запре пожарите: ЦУК со пресек за состојбата
    • Голема среќа за еден знак: Денеска му се отвораат сите врати
    • Нафтата повторно над 100 долари – Растат стравувањата за снабдувањето
    • Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба
    • Задолжителната медијација пред Уставен суд: Ќе се оценува одредбата за споровите до 1 милион денари
    • Холандска делегација доаѓа во Собранието на средба за евроинтеграциите
    • Ќе расте ли минималната плата? – Измените денеска пред пратениците
    • За половина час ќе снема струја – Исклучување до 15 часот, ова е списокот со населби
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарот над велешко Ногаевци повторно се разгоре — огнот се шири и кон селото Кочилари

    Пожарот над велешко Ногаевци повторно се разгоре — огнот се шири и кон селото Кочилари

    06.09.2026 во 14:572 Mins Read
    ФОТО: ДЗС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пожарот во боровата шума над селото Ногаевци, кој синоќа беше ставен под контрола по повеќе од 10 часа интервенција, утрово повторно се разгоре поради силниот ветер.

    Огнената стихија дополнително се прошири и во моментов го зафаќа и теренот од страната на селото Кочилари.

    Од Територијалната противпожарна единица од Велес информираат дека попладнево околу 12:30 часот била побарана дополнителна помош на теренот поради брзото ширење на пламените јазици.

    Во моментот во гаснењето се вклучени три екипи на ТППЕ Велес. Две екипи со две противпожарни возила интервенираат над селото Ногаевци, додека една екипа со едно возило дејствува од страната на селото Кочилари.

    На терен во акцијата за справување со огнот помагаат и вработени од Шумското стопанство „Бабуна“.

    Инаку, пожарот првично беше пријавен вчера попладне во 13:25 часот, по што велешките пожарникари излегоа со две возила и шест минувачи, а подоцна се приклучија уште две противпожарни возила и дополнителен екипаж.

    Во вчерашната голема акција дејствуваше и Дирекцијата за заштита и спасување со два авиони „Ер Трактор“ и два огнени тимови со возила „пинцгауер“, со што огнот беше целосно изгаснат синоќа во 22:50 часот.

    И покрај ноќните дежурства на екипите од Шумското стопанство „Бабуна“, силниот ветер утрово повторно ја активираше стихијата.

    Засега нема опасност од пожарот по куќите, информираат од ТППЕ Велес.

    Прочитај повеќе

    Ниту студот не ги запре пожарите: ЦУК со пресек за состојбата

    07.10.2026 во 08:10

    Нова градинка во Шуто Оризари: Мицкоски денеска ја пушта во употреба

    07.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.