Вчера во 15:20 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Л.А.(52) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека извесен период ја вознемирувал неговата 41-годишна поранешна сопруга, доаѓал во близина на нејзиниот дом и работното место и се обидувал да воспостави контакт со неа.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,81 промили алкохол во крвта.
Л.А. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
- Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
- Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
- Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
- ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
- МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
- Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
- ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов

