- ВМРО-ДПМНЕ: Времето на капитулации заврши
- СДСМ: Сточарството се распаѓа, Мицкоски и Трипуновски ги доведоа сточарите во безизлезна состојба
- Дневен хороскоп: Венера носи љубовен магнетизам за Лавовите, деловни контакти за Близнаците
- Дел од Скопје и околината денеска без струја, еве ги локациите
- Свеж бран ја зафаќа Македонија: Значителен пад на температурите и силен ветер, еве какво време нè очекува
- Седум навики кои би можеле да го зголемат ризикот од деменција
- Необично правило на Сардинија: На една од најпознатите плажи се забрануваат чадорите за сонце
- Германка третпат роди близнаци
Author: Author 04
Нели Владата на Христијан Мицкоски вчера тврдеше дека здравјето на граѓаните ќе било приоритет во врска со рудникот за антимон во Крива Паланка?, прашуваат од СДСМ. „Вистината покажа дека не е така и ја разоткри целата позадина на овој случај. Антимонот во Крива Паланка е партиски бизнис на ВМРО-ОКГ и нивните донатори. Она што се претставуваше како „државен интерес“ и наводен стратешки проект со САД, во суштина е класичен бизнис-дил. Концесионер на локалитетот Луке е компанијата „РИ Енергетика Пела ДОО Скопје“ каде сопственик е Ѓорѓе Качурков, донатор на ВМРО. Дополнително, договорот во Вашингтон го потпишал Ник Јовановски од австралиската „Пела…
Земјава утринава се разбуди со ниски температури, а најстудено беше во Берово, Лазарополе и Попова Шапка каде се измерени минус два степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците на УХМР, температурите низ државата утрово биле следните: -1 степен во Маврови Анови, додека нула е измерена во Крива Паланка и Битола. Температура од 1 степен е забележана во Претор, Тетово, Струмица, Охрид и Штип. Во Куманово, Крушево, Велес, Демир Капија и Прилеп се измерени 2 степена, 3 степена во Кавадарци и Гевгелија, 4 во Виница, а на мерната станица Скопје-Зајчев Рид 5 степени. Во текот на денот времето ќе…
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од РТВ Предавател Водно, кула АЕК Водно, село Горно Нерези, Етно село – Нерези, Предавател Космофон, објект Даре Џамбаз-Водно објект на Поштенски дом-Водно и село Горни Крушопек во Општина Карпош. Од 08:30 до 16:00 часот, без струја ќе останат корисниците на дел од село Морани и викенд населбата Морани во Општина Студеничани, од 09:00 до 14:00 часот од…
Денеска во Македонија се очекува сончево време, проследено со мала до умерена локална облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Низ земјава ќе дува слаб до умерен ветер, кој ќе доаѓа претежно од северен правец. Живата во термометрите ќе се движи во интервал од минимални -1 до 6 степени, додека дневниот максимум ќе достигне вредности меѓу 15 и 23 степени. Во Скопје, исто така, преовладува сончево време со повремена облачност и умерен северен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 4 степени, додека максималната дневна ќе се искачи до 21 степен. Според прогнозата на УХМР, топлото време ќе…
Состојбата во Ормускиот Теснец достигна точка на вриење, откако претседателот Доналд Трамп упати директна и бескомпромисна наредба до американската морнарица: употреба на смртоносна сила против секое пловило за кое постои сомнеж дека поставува мини во овој витален воден пат. Преку социјалната мрежа „Truth Social“, претседателот Трамп јасно ја пренесе својата одлука: „И наредив на американската морнарица да пука и да го потопи секој брод што поставува мини во водите на Ормускиот теснец. Нема колебање“. Трамп додаде дека операциите за расчистување на мините, кои се веќе во тек, сега ќе продолжат со „тројно зголемено темпо“. Со ова, Вашингтон практично поставува нова…
Состојбата во Ормускиот Теснец е доведена до точка на вриење. Американскиот претседател Доналд Трамп упати директна и недвосмислена наредба до американската војска: секој ирански чамец кој ќе биде фатен како поставува мини во овој стратешки воден пат – мора да биде уништен! Оваа одлука доаѓа како одговор на серијата провокации и зголемените активности на Иран, кои го блокираат слободниот проток на енергенси и ја загрозуваат меѓународната безбедност. Трамп преку социјалните мрежи потврди дека американските сили ги засилуваат операциите за деминирање, ставајќи го фокусот на осигурување на безбедна пловидба за трговските бродови. Конкретни потези на терен: Ситуацијата се комплицира дополнително откако…
Битола „лежи“ на неексплодирани убојни средства од Првата светска војна. Над илјада опасни предмети се досега извадени од локацијата „Тумбе Кафе“, а според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), акцијата за расчистување е далеку од завршена. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција ја обелодени застрашувачката бројка – евидентирани се точно 1.067 неексплодирани убојни средства на потегот над куќите на „Тумбе Кафе“. Што сè крие битолската почва? „Очекуваме да најдеме уште толку“, изјави директорот Ангелов, најавувајќи дека тимовите на ДЗС ќе продолжат интензивно да работат на терен во наредниот период. Целта на оваа сложена операција е целосно…
Министерот за здравство, Азир Алиу, најави радикална промена во начинот на кој здравствениот систем ќе се справува со жртвите на насилство. Во иднина, лекарите ќе имаат обврска и можност да евидентираат случаи на насилство во системот, дури и кога пациентите самите одбиваат или не го пријавуваат истото. Оваа мерка, како што појасни Алиу на седница на собраниската Комисија за еднакви можности, е клучна за навремено препознавање на „обрасци“ на насилство. „Ако некој доаѓа со исти повреди по одреден период, системот ќе овозможи да се реагира и од здравствен, психолошки и правен аспект“, истакна Алиу. Што сè ќе биде опфатено со…
Вчера околу 19:30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Г.(35) и еден малолетник, двајцата од Романија, постапувајќи по претходна пријава дека измамиле 83-годишна скопјанка. Според пријавеното, Ј.Г. дошол во домот на оштетената на подрачјето на Ѓорче Петров, претставувајќи се како продавач на луксузни производи за домаќинство и со измама и одзел 300 евра и златен накит, во вредност од околу 300.000 денари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Нов удар врз слоободата на медиумите и демократијата. Христијан Мицкоски си го постави пријателот и почесен конзул на Гвинеја, Зоран Ристоски – Ѓузо за директор на МТВ, велат од СДСМ. „Единствена квалификација на Ристовски е близината лично со премиерот Мицкоски. Еден конзул за енергетика – Адамовиќ, сега уште еден конзул за МТВ по шемите на Мицкоски. Наместо националниот јавен сервис да биде еден од столбовите на демократијата и во служба на објективно информирање на граѓаните, Мицкоски гo претвори во партиски мегафон на неговата организирана криминална група. Со ставањето во канџите на Мицкоски се заокружува целосната партизацијата и на државната МТВ.…
