Close Menu
Press24
    Најново

    Регистрирани четири случаи на мали сипаници во земјава, Клековски апелира на вакцинација

    02.11.2026 во 14:47

    Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот

    02.11.2026 во 14:35

    Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична

    02.11.2026 во 14:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Регистрирани четири случаи на мали сипаници во земјава, Клековски апелира на вакцинација
    • Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот
    • Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична
    • Две години ја следел, вознемирувал и психички малтретирал – млада кочанчанка преживувала ужас
    • Петрушевски: Филипче и СДС вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка
    • Паднаа полицајци осомничени за кражба на накит и полово вознемирување во Прифатниот центар за странци
    • Му паднале 193 таблети од џеб пред затворот во Велес: 24-годишник приведен од полицијата
    • „Слушнав звук на кровот од куќата“ – скопјанец на терасат пронашол залутан куршум
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Регистрирани четири случаи на мали сипаници во земјава, Клековски апелира на вакцинација

    Регистрирани четири случаи на мали сипаници во земјава, Клековски апелира на вакцинација

    02.11.2026 во 14:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство информира дека во државата се регистрирани четири лабораториски потврдени случаи на мали сипаници, од кои еден увезен, во време кога во Косово и Бугарија се во тек епидемии.

    „Според проценката на Институтот за јавно здравје, ризикот од нови случаи е зголемен, но засега нема пошироко ширење на национално ниво. Сите заболени се невакцинирани, а две се бебиња кои поради возраста уште не можеле да бидат вакцинирани“, посочија оттаму.

    Од МЗ додаваат дека епидемиолошките служби ги идентификуваат и следат сите контакти. На сите јавни и приватни здравствени установи им бил доставен протокол за рано препознавање, тријажа и изолација, а градинките и училиштата добиле упатство за превентивни мерки.

    „Малите сипаници се едно од најзаразните заболувања, но од нив можеме да се заштитиме. Две дози МРП вакцина се најсигурната заштита. Ги повикувам родителите да го проверат картонот за вакцинација на децата, а возрасните кои не се сигурни дали се вакцинирани да се консултираат со матичниот лекар. Со тоа ги штитиме и бебињата, кои се премали за вакцина“, изјави министерот за здравство Сашо Клековски.

    Министерството ги повикува граѓаните: да ги надоместат пропуштените дози МРП вакцина во најблискиот вакцинален пункт; при висока температура, кашлица, црвени очи и осип да останат дома и прво телефонски да се јават на матичниот лекар, наместо да одат директно во чекалница; ако биле во контакт со заболено лице, веднаш да се јават на матичниот лекар или во Центарот за јавно здравје и да не праќаат болно дете во градинка или училиште.

    Порачаа дека Министерството, Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје континуирано ја следат состојбата и ќе ја информираат јавноста за секоја промена.

    Прочитај повеќе

    Регулаторна одлучи: Од полноќ поскапуваат и бензините и дизелот

    02.11.2026 во 14:35

    Креирал лажен профил со фотографија од поранешната девојка: 34-годишник од Кочани заработи кривична

    02.11.2026 во 14:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.