Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Шест активни пожари во државата, најкритично е кај Рамно каде чадот се шири кон Скопје

    Ангелов: Шест активни пожари во државата, најкритично е кај Рамно каде чадот се шири кон Скопје

    06.09.2026 во 12:542 Mins Read
    ФОТО: ДЗС
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Опасноста од пожари и натаму е висока, а во моментов во државата има шест активни пожари на отворен простор, од кои неколку се посложени за гаснење, најкомплексен во моментов е пожарот во реонот Рамно на територијата на Општина Чучер Сандево, каде гори ниска вегетација, папрат, трева и грмушки, а на одредени места огнот зафаќа и шумска подлога – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

    Тој објасни дека поради специфичноста на теренот се создава голем чад кој ветрот го носи кон главниот град.

    – Пожарот се движи по земјата и ја зафаќа лисната и тревната подлога, поради што се создаваат големи количини чад. Силниот ветер го насочува чадот кон Скопје и околните населени места на падините на Скопска Црна Гора -истакна Ангелов.

    На терен интервенираат скопски пожарникари, неколку огнени тимови на ДЗС, припадници на Армијата, како и полициски хеликоптер кој дејствува на критичните точки со цел да се спречи ширењето на пожарот.

    Директорот информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30 пожари на отворен простор, од кои најголемиот дел се изгаснати благодарение на интервенциите на пожарникарите и останатите служби ангажирани во справувањето со огнените стихии.

    Што се однесува до останатите жаришта, активен останува и пожарот над селата Грачани и Никиштане, кој се спушта кон Лепенец, но со намален интензитет и денеска се очекува да биде ставен под целосна контрола.

    Повторно се активирал и пожарот на подрачјето меѓу Струга и Дебар, во атарите на повеќе села каде интервенираат струшките пожарникари, а активни огномети има и во атарот на селото Тајмиште во Општина Кичево и кај селото Белица во Општина Македонски Брод, каде теренот е исклучително тежок и непристапен.

    Поради неповолните временски услови, од ДЗС упатија итна апел-порака до целата јавност.

    – За денеска се најавени високи температури и засилен ветер. Доволна е само една искра за да предизвика сериозна катастрофа, затоа апелирам до сите граѓани одговорно да се однесуваат и да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар – порача Ангелов.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16

    Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините

    06.10.2026 во 17:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.