Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“

    (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“

    05.09.2026 во 12:503 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“, со што се отвора можноста за конечно решавање на долгогодишниот сообраќаен проблем меѓу општините Аеродром и Гази Баба.

    Вршителот на должноста градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека се исполнети условите за продолжување на градежните активности по завршувањето на процесот на експропријација.

    „Она што со години стоеше заглавено, денес конечно се придвижува. Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“! По истекот на рокот за иселување на семејствата чии имоти беа опфатени со завршената експропријација, создадени се услови да продължиме со следниот, клучен чекор кон неговото отворање“, објави Ѓорѓиевски.

    Тој потсети на претходните перцепции за овој проект во јавноста и ја истакна неговата значајност за граѓаните.

    „Овој мост предолго беше симбол на застојот и неисполнетите ветувања од моите претходници. Скопјани го нарекуваа „мостот што води во дневна соба“ и „мостот за ловење риба“. Зад тие зборови стоеше оправданото разочарување од проект во кој беа вложени пари, а од кој граѓаните со години немаа корист. На тоа му доаѓа крајот. Мостот конечно ќе ја добие својата вистинска смисла, да ги поврзува луѓето од Гази Баба и Аеродром, да го олеснува сообраќајот и да го скратува времето поминато во градскиот метеж“, посочува тој.

    Ѓорѓиевски нагласи дека решавањето на имотно-правните односи било клучниот фактор за задвижување на проектот.

    „Кога ја презедов одговорноста да го водам Скопје, ветив дека овој проблем ќе го решиме во текот на мојот четиригодишен мандат. Денес, за помалку од една година, со гордост можам да кажам дека правиме решителен чекор кон исполнувањето на тоа ветување. Со посветена и макотрпна работа го решивме клучниот предизвик за ослободување на овој дел од трасата – експропријацијата. Паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот за целосно завршување на оваа важна сообраќајна врска“, вели Ѓорѓиевски.

    Првиот човек на градот упати благодарност до засегнатите семејства кои ги ослободија имотите.

    „Особена, искрена благодарност им упатувам на семејствата со кои заеднички го овозможивме овој исчекор. Знам дека зад секој дом стојат години живот, спомени и длабока приврзаност. Затоа нивното разбирање, доверба и подготвеност за договор заслужуваат почит. Ви благодарам што подадовте рака и што станавте дел од решението кое носи придобивки за цело Скопје. Вашиот придонес е важен дел од ова ново поглавје за нашиот град“, додаде тој.

    Градоначалникот порача дека проектот ќе продолжи со забрзано темпо до негово целосно завршување.

    „Ќе продолжам да ја оправдувам довербата дадена од народот со работа, со истрајност и со резултати што ќе се чувствуваат во секојдневниот живот. Продолжуваме уште посилно. За Скопје што поврзува. За Скопје што оди напред, какво што заслужуваме!“, заклучи Ѓорѓиевски.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.