Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    07.09.2026 во 08:58

    Трчајте на бензинска, РКЕ одлучи: поскапуваат нафтата и бензинот

    07.09.2026 во 12:49

    Лоши вести за возачите: Цената на нафтата продолжува да расте

    07.09.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Серафимовски: Владата ќе ги укине критериумите за субвенции во лозарството и ќе им помогне на винарниците со 12,9 милиони евра
    • Серафимовски: Потврдени се 64 жаришта на сипаници кај овците, регистрирани околу 10.000 угинати грла
    • УХМР со предупредување: Подгответе се за поројни дождови, грмежи и локално невреме со град
    • Трчајте на бензинска, РКЕ одлучи: поскапуваат нафтата и бензинот
    • Приведена 51-годишна скопјанка, подметнала пожар во Центар
    • Одлука на Општина Гази Баба: Секој понеделник наставата ќе започнува со интонирање на македонската химна
    • Посебен режим на сообраќај во Скопје утре за Денот на независноста
    • Николоски: Градежништвото забележа историски раст од 22 проценти во вториот квартал
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Серафимовски: Владата ќе ги укине критериумите за субвенции во лозарството и ќе им помогне на винарниците со 12,9 милиони евра

    Серафимовски: Владата ќе ги укине критериумите за субвенции во лозарството и ќе им помогне на винарниците со 12,9 милиони евра

    07.09.2026 во 13:192 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Затегнатиот пласман и лошите временски прилики беа повод Министерството за земјоделство да подготви законски измени со кои се укинува обврската за остварен минимум од 30 проценти продадено производство за добивање субвенции во лозарството, овоштарството и поледелството.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски на денешната прес-конференција соопшти дека измените на Уредбата за директни плаќања за 2026 година ќе поминат на следната владина седница.

    – Во Министерството ги завршуваме анализите за измена на Уредбата за директните плаќања за 2026 година. На следната седница на Владата ќе предложиме укинување на овој услов за производителите во лозарството, овоштарството и поледелството, изјави министерот.

    Владата исто така одобри поволни кредити во износ од 12,9 милиони евра преку Развојната банка за поддршка на откупот. За винарските визби се предвидени 9 милиони евра (553,48 милиони денари) за сортата вранец, додека 3,9 милиони евра (240 милиони денари) се алоцирани за откуп на оризова арпа.

    На барање на винарските визби ќе ги олесниме условите за користење на овие средства за откуп на вранец. Грејс-периодот ќе биде зголемен од три на 18 месеци, по што ќе следуваат дополнителни 18 месеци за отплата на кредитот, со фиксна годишна каматна стапка од еден процент. Како заложно обезбедување ќе може да се користи и произведеното вино – истакна Серафимовски.

    Причина за поддршката е и падот на извозот на винско грозје за 27,5 проценти во првите осум месеци од годинава, каде се извезени само 619 тони. За разлика од него, извозот на трпезно грозје забележа благо зголемување од 2,7 отсто и достигнал 4.962 тони.

    Од ресорното министерство потврдија дека досега за финансиска поддршка се исплатени над 15,4 милиони евра на вкупно 30.389 земјоделци.

    Прочитај повеќе

    Серафимовски: Потврдени се 64 жаришта на сипаници кај овците, регистрирани околу 10.000 угинати грла

    07.09.2026 во 13:13

    УХМР со предупредување: Подгответе се за поројни дождови, грмежи и локално невреме со град

    07.09.2026 во 12:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.