Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФЗОМ ги усвои новите правила за боледување
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски направи споредба на економскиот раст: ВМРО-ДПМНЕ со 3,5% наспроти 1,9% на СДСМ

    Стојаноски направи споредба на економскиот раст: ВМРО-ДПМНЕ со 3,5% наспроти 1,9% на СДСМ

    07.09.2026 во 11:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, преку соопштение изнесе споредбени податоци за реалниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) за време на претходната и актуелната власт.

    Според Стојаноски, во изминатите осум квартали се бележи значително повисока просечна стапка на економски раст во споредба со седумгодишниот период на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ/ДУИ.

    „Јасно да ја воочиме разликата во економскио раст. За владата на СДС/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали. За ВМРО-ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали. Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал претходната година. Во 29-те квартали од Q2 2017 до Q2 2024 просечното темпо на реален економски раст е околу 1,9%. Во првите 8 целосни квартали на актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е околу 3,5%“, посочува Стојаноски.

    Тој нагласува дека разликата изнесува над 1,9 процентни поени во корист на сегашната влада, односно над 90 проценти повисоко просечно темпо на раст.

    Во соопштението се прави анализа и со исклучување на кризните години на пандемијата.

    „И за никој да не каже дека споредбата ја искривува времето на ковид, ако целосно ги извадиме 2020 и 2021 година, претходниот просек е околу 2,5%. Односно ако од пресметката ги извадиме целосно 2020 и 2021 година, просекот на раст е 2,5% наспроти 3,5 проценти на сегашната влада. Значи и без ковид сегашното темпо на раст е околу 40% повисоко“, наведува пратеникот.

    На крајот, Стојаноски заклучува дека податоците од Државниот завод за статистика укажуваат и на стабилност на економијата.

    „А разликата не е само во просекот — туку и во стабилноста. Според кварталните соопштенија на ДЗС, осум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%. Бројките директно покажуваат каква е разликата“, истакнува Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.