- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
- Фон дер Лајен: ЕУ нема да ги ублажи санкциите против Иран без конкретни промени
- Би-би-си идната недела укинува стотици работни места во информативниот сектор
Author: Author 04
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска,учествуваше на панелот “Engineering the Infrastructure of Energy Security” во рамки наDelphi Economic Forum, каде заедно со високи владини претставници и лидери оденергетскиот сектор се дискутираше за иднината на енергетската безбедност во регионот.Во своето обраќање, министерката Божиновска нагласи дека земјата влегува во нова фазана енергетско позиционирање:„Денес, ние свесно се позиционираме како регионален енергетски јазол што ги поврзувапазарите, изворите и партнерите. “Таа ја претстави стратегијата базирана на три клучни столба:– Интерконекторот со Грција, како директен пристап до алтернативни извори на гас и LNGтерминали– Соработката со Србија, која отвора северен коридор и овозможува двонасочен…
„Ова е момент кога еден град се гледа себеси со нови очи и кога ја гради својата иднина преку културата. Ова е можност да создадеме нова приказна за Скопје — приказна на отвореност, соработка и заедништво. Ова не е проект на институциите. Ова е проект на луѓето. На сите нас“, истакна министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето воведно обраќање на конференцијата „Скопје — Европска престолнина на културата 2028“, што денеска се одржува во главниот град. На конференцијата посветена на еден од најзначајните стратегиски проекти за нашата земја, министерот Љутков, во присуство на евроамбасадорот, градоначалници и делегации од…
Српската опозиција, преку Зоран Башановиќ и Зоран Заев, го користи СДС за свои цели кои се целосно спротивни на интересите на македонската опозиција, тврди Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција, тој изнесе детали за наводна заднинска соработка меѓу македонскиот опозициски табор и одредени политички фигури од Србија. Според Манасиевски, средбата во Скопје меѓу претставници на СДС и српските опозиционери Бранко Ружиќ и Јован Ратковиќ, имала за цел формирање на опозициски фронт за делување во Србија. „Оваа платформа за обединување на опозиции од две држави е стриктно направена поради лични и бизнис интереси на поранешниот кум на…
На 22.04.2026 во 15:30 часот, во полициската станица во Гостивар, 51-годишна жена од Гостивар пријави дека околу 12:00 часот на булеварот „Гоце Делчев“ била вознемирувана од Р.Б. од Гостивар, соопштија од МВР. Според пријавата, додека таа управувала патничко возило „фолксваген тигуан“, пријавениот со возило „форд“ се движел со голема брзина, нагло закочил, ја отворил вратата од нејзиното возило и ја навредувал. Потоа, според пријавеното, тој продолжил да ја следи со возилото. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претстојниот викенд и почетокот на следната недела ќе поминат во знакот на претежно сончево и потопло време, проследено со умерена облачност во текот на денот. Сепак, граѓаните треба да бидат подготвени за промена од вторник, кога според прогнозата на УХМР, следува период на променливо облачно и нестабилно време, проследено со повремен дожд и грмежи. За утре се најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови постојат услови за слаб локален дожд, додека во текот на денот ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на свечениот настан посветен на титулата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, порача дека културата мора да прерасне во суштински двигател на урбаната трансформација. Според Ѓорѓиевски, оваа титула не смее да се сведе само на организација на настани, туку треба да послужи како основа за траен развој на градот. Тој ја нагласи потребата културата да се третира како јавна инфраструктура, а не како декоративен елемент. „Што навистина значи Скопје да биде Европска престолнина на културата? Дали тоа значи само една година исполнета со настани? Или, како што значи за мене, нешто многу подлабоко…
Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска информираше дека е објавен тендерот за избор на надзор за третата фаза од изградбата на пругата кон Бугарија. Според најавите, за десетина дена се очекува да биде распишан и тендерот за избор на изведувач, што е клучен чекор за отпочнување на градежните активности на терен во текот на претстојното лето. Ова беше соопштено пред состанокот посветен на реализацијата на Коридорот 8, кој се одржува во соработка со Делегацијата на Европската унија во Скопје. Министерот Николоски нагласи дека во фокусот на разговорите е не само источното, туку и западното железничко крило на Коридорот…
Вчера во 15:25 часот на ул.„ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(27) од Струга, затоа што при извршен преглед кај него, биле пронајдени и одземени 41 паковка со марихуана. А.М. е задржан во Полициска станица Струга и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дозволете да ја известам целокупната јавност за следните чекори на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата во врска со носењето на Законот за Влада со кој се укинува Пржинската Влада.Имено, кажавме повеќепати дека сметаме дека на овој начин, којшто е целосно автократски манир на владеење на оваа власт, и ова не е единствен пример, ова е само еден од примерите, техничката влада не треба и не може да се укине. Таа е единствен гарант за спроведување на фер и демократски избори.Во ситуација кога има целосна контрола на оваа власт врз судството, кога се именуваат партиски послушници за…
Туристичката комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) испрати официјално барање до Министерството за туризам на Грција, со кое се бара привремено одложување на примената на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на граничните премини за македонските државјани. Од Комората бараат системот да не се применува во периодот од 1 јуни до 1 септември 2026 година. Барањето е резултат на реакциите од туристичкиот сектор, каде се предупредува дека имплементацијата на дигиталната регистрација во ек на летната сезона може да предизвика повеќечасовни задржувања на границите. Ова, според експертите, би имало негативни последици за туристичкото искуство, но и ризик…
