Author: Author 04

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола започнува процес на сериозна трансформација кон модерен и одржлив водоводен систем. Ова беше потврдено на работниот состанок на кој присуствуваа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, директорот на ЈКП „Водовод“, Андреј Гинов, и претставници од швајцарската амбасада, со кои се разговараше за деталите на новиот проект за модернизација. Градоначалникот Тони Коњановски, заедно со директорот Андреј Гинов, присуствуваше на работен состанок во ЈКП „Водовод“ Битола со претставници од швајцарската амбасада, посветен на реализација на нов проект за модернизација и дигитализација на системот. Клучни фактори на проектот: Рационализација на водните ресурси со акцент на регионални водоводни мрежи…

Повеќе

Битола се подготвува за нов културно-забавен настан кој ветува одлична атмосфера и незаборавни мајски вечери. Од 7 до 9 мај, платото пред Офицерскиот дом ќе биде епицентар на виното, музиката и урбаното дружење, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во специјално креирана програма поддржана од Општина Битола.Фестивал посветен на виното, музиката и урбаното дружење ќе се одржи од 7 до 9 мај на платото пред Офицерски дом во Битола, соопшти Општина Битола. „Првиот ден на Винскиот Фестивал во Битола е резервиран за првото наздравување. Фестивалската програма започнува на 7 мај со настап на резидент диџеј, по што следуваат „B52“,…

Повеќе

Проектот за отворање на новиот граничен премин „Струмјани – Берово“, познат како „Клепало“, влегува во сериозна фаза на реализација. Како што пренесува БНР, во Министерството за животна средина и водни ресурси на Бугарија се потпишани потребните еколошки процедури, со што се отвора патот за почеток на изградбата на инфраструктурата. Градоначалникот на општина Струмјани, Емил Илиев, истакна дека изработката на извештаите за влијанието врз животната средина е завршена побрзо од очекуваното. Покрај тоа, веќе е одобрена и осумкилометарската траса до границата, при што е избрана поеколошка и пократка опција. „Најтешкиот пат со одобрување на извештаите за влијанието врз животната средина е…

Повеќе

Македонија денеска се разбуди со значителни температурни разлики, при што на повисоките места сè уште владеат услови блиски до зимските. Утринава најстудено беше на Попова Шапка, каде се измерени -4 степени Целзиусови. Низ останатите делови од земјата температурите се движеа од -1 во Маврови Анови, до 8 степени во Гевгелија. Изминатите 24 часа беа обележани и со врнежи од дожд, при што најмногу дожд наврна во Битола – 14 литри на метар квадратен, а следуваат Демир Капија со 13 литри, додека Гевгелија и Попова Шапка забележаа 11 литри. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска во текот на…

Повеќе

Македонските возачи кои летово планираат да патуваат кон Грција мора сериозно да го проверат опремувањето на своите автомобили. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, нашиот јужен сосед воведува радикални измени и строги правила, чие непочитување ќе ве чини скапо. Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните…

Повеќе

Не се создадени услови за укинување на техничката влада, единствениот механизам за некаква контрола на изборниот процес и мора да остане, се вели во соопштението од СДСМ. „Целосно е окупиран правосудниот систем, воспоставена е контрола врз обвинителството и судството со обвинители и судии блиски до Мицкоски.  Премиерот Мицкоски јавно дели задачи од собраниска говорница, нарачува прогон врз опозцијата со неговите „чувства“. Институциите се далбоко партизирани. МВР повторно се користи како во времето на Груевски а со новиот Закон за полиција брутално се партизира, се острануваат професионалците и се поставуваат само партиски послушници. Власта не прифати закон за „safe city“ за…

Повеќе

Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, од ЕВН Македонија најавуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе делови од Скопје. Најдолгиот прекин е најавен за индустриската зона во Момин Поток, додека во текот на денот ќе има интервенции и во населбите Сингелиќ и Карпош. Распоред на прекини:

Повеќе

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини, е уапсен во утринската полициска акција спроведена од Министерството за внатрешни работи во соработка со Јавното обвинителство. Сејдини се товари за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средства доделени од УЕФА. Според првичните информации, станува збор за проневера на 700.000 евра, пари кои биле наменски доделени од европската фудбалска куќа за поддршка на македонскиот фудбал, конкретно за изградба на трибина на стадионот во Охрид. Неофицијално клучниот момент за отворање на оваа истрага било доаѓањето на новото раководство на ФФМ. При преземањето на функциите, новото раководство ги забележало неправилностите во финансиското работење…

Повеќе

Денеска, четврток, 23 април 2026 година, нè очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во источните делови од државата постојат услови за појава на слаб локален дожд. Дневната динамика ќе биде обележана и со умерен, а на моменти и засилен ветер кој ќе дува од северен правец. Температурите ќе се движат во интервал од 0 до 8 степени во утринските часови, додека максималните дневни ќе достигнат од 12 до 18 степени.Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Живата во термометрите ќе…

Повеќе

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска во Виена одржа билатерална средба со сојузниот министер за земјоделство и шумарство, заштита на климата и животната средина, региони и управување со води, Норберт Тошниг. Разговорите се фокусираа на три клучни области: управување со води, заштита на природата и зелена транзиција. Министерот Хоџа ги претстави приоритетните инвестиции во секторот води, а беше презентиран и процесот на воспоставување на современ регионален систем за управување со отпад. Осврнувајќи се зајакнувањето на мрежата на заштитени подрачја, Хоџа посочи дека Австрија има искуство во управување со националните паркови кое може да биде вредно за…

Повеќе