Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Граната најдена во двор во Битола
    • Измама во Македонија: Дал 3.000 евра аванс, па сфатил дека е измамен
    • Температурите во осум часот низ Македонија – Студ, сонце, па голем пресврт со времето до крај на неделата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Владата создаде стабилна основа за забрзан раст на македонската економија

    ВМРО-ДПМНЕ: Владата создаде стабилна основа за забрзан раст на македонската економија

    06.09.2026 во 10:212 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во јуни 2024 година, економијата растеше со скромни 1,6 проценти во првиот квартал. Тоа беше јасен показател дека по години на владеење на СДС и ДУИ, македонската економија предолго се движеше бавно и без доволно силен развоен импулс. Најновите податоци за вториот квартал од 2026 година покажуваат реален економски раст од 4,3 проценти – наведува ВМРО-ДПМНЕ. 

    „И не станува збор за раст поттикнат од само еден сектор.

    Инвестициите пораснаа за 16,5 проценти, извозот на стоки и услуги за 10,4 проценти, а градежништвото бележи висок раст од 21,9 проценти.

    Позитивни резултати се забележуваат и во преработувачката индустрија, трговијата, транспортот, угостителството и ИКТ секторот.

    Тоа значи дека економската активност се зголемува на повеќе фронтови истовремено, се инвестира повеќе, се произведува повеќе, се извезува повеќе и се создаваат услови за нови работни места и нови инвестиции.

    Особено важно е што економскиот раст не е проследен со нов инфлаторен притисок. Напротив, додека економијата забрзува, инфлацијата се намалува и денес изнесува 2,3 проценти.

    Затоа, овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе инвестиции, поголема економска активност, нови можности за бизнисите и подобри услови за раст на платите и животниот стандард.

    Економскиот раст не е цел сам за себе. Тој е средство за подобар живот на граѓаните.

    Затоа продолжуваме со јасна и предвидлива економска политика, со силна поддршка за инвестициите и приватниот сектор, реализација на капиталните проекти и создавање стабилно економско опкружување во кое компаниите можат да растат и да отвораат нови работни места.

    За само две години, економијата премина од раст од 1,6 проценти на 4,3 проценти. Тоа е мерливо, широко распространето и реално економско забрзување.

    Економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема

    07.10.2026 во 09:05

    СДСМ обвинува: Владата ќе се задолжи за нови 250 милиони евра

    07.10.2026 во 08:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.