- Z генерација: Доаѓаат на факултет, а не знаат да читаат?
- Венс: Можна е улога на американската војска во мониторингот на нуклеарната програма на Иран
- ФОТО: MrBeast достигна историски 500 милиони претплатници на YouTube
- Трамп за Иран: Сè е потпишано, многу сум среќен
- Мицкоски: Уставни измени без ВМРО-ДПМНЕ нема да има
- Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата
- Овие 10 знаци може да укажуваат на Алцхајмерова болест
- Јаков Јозиновиќ го издаде својот прв албум
Author: Author 04
„Живееме во време на преиспитување, кога сигурноста не се подразбира, а економијата и енергетиката се прашање на опстанок“, порача премиерот Христијан Мицкоски од Виена, каде што оствари низа средби со цел продлабочување на економската соработка. Во своето обраќање, тој упати јасна порака дека Владата е насочена кон создавање економија што произведува вредност, а не само троши. Премиерот истакна дека инвестициите се двигател на промените кои носат нова индустрија, знаење и квалитет, при што Австрија ја издвои како еден од најважните партнери во таа визија. „Не сакаме само да ја одржуваме соработката. Сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво. Новото време…
Прво се заканил по телефон, а потоа ја претепал бившата на паркинг – гостиварчанец заработи кривична
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднела кривична пријава против Е.М.(41) од гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. На 17.04.2026 пријавениот на мобилен телефон испратил пораки со заканувачка содржина на 36-годишна жена, со која претходно бил во љубовна врска, додека на 18.04.2026 на паркинг простор во Гостивар ја нападнал со метален предмет.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека предлог-измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката влада, без консензус претставуваат сериозен удар врз единствениот механизам за фер избори. „Техничката влада е меѓупартиски договор на четирите најголеми партии и таа техничка влада е донесена со консензус и само со консензус може да се укине. Ова е еден единствен преостанат механизам гаранција за одржување на фер и демократски избори. Во услови кога гледаме како се однесува актуелната власт, овој закон треба да се повлече. Овој закон вака не смее да помине“, порача Филипче.Тој додаде дека општеството не е зрело за…
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција упати остри критики кон владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја дека на „шверцерски“ начин се обидува да направи измени во функционирањето на техничката влада. Според Филипче, овој потег е нетранспарентен и директно спротивен на постигнатиот политички консензус. Филипче посочи дека спорните измени не се само технички, туку имаат за цел да ја ограничат работата на техничките министри. „Повторно шверцерски се предлага и ќе се сака да се донесе измена во која што техничките министри нема да можат да си донесат свои посебни советници, туку може да изберат само советници од редот…
Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а преку 230 беа повредени, сè повеќе се претвора во извор на фрустрација за семејствата на жртвите. Додека правдата се чека, рочиштата се одвиваат со крајно бавно темпо – често со сослушување на само еден или двајца сведоци, а дел од повиканите воопшто не се појавуваат пред судот. Денешното рочиште беше обележано со сведочењето на Теа Ѓоргиева, која со вознемирувачка јасност ја опиша атмосферата пред и за време на пожарот. Таа посочи на опасната близина на пиротехничките средства до гостите, што во првите моменти…
Поради случена сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Струмица-Валандово. Како што информира ЈП „Македонија пат“, сообраќајот е прекинат од 13:30 часот.
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, предупреди дека измените на законите за минерални суровини и концесии не смеат да се носат по скратена постапка, бидејќи носат ризик од сериозни последици по здравјето на граѓаните и животната средина. „Природните ресурси се наше заедничко богатство. Тие не се сопственост ниту на една влада. Припаѓаат на сите граѓани и никој нема право да ги става истите во функција на приватни интереси без јасни правила, без контрола и без согласност на граѓаните“, истакна Тренчевска. Таа нагласи дека предложените измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно-приватно партнерство не се технички измени,…
Почнувајќи од утре, 23 април 2026 година, љубителите на пишаниот збор ќе можат полесно да стигнат до СЦ „Борис Трајковски“, каде се одржува 38-от „Меѓународен саем на книгата“. ЈСП Скопје, со цел да го олесни пристапот до оваа културна манифестација, воведува две специјални автобуски линии. Во текот на времетраењето на саемот, односно од 23 до 29 април, во сообраќај ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“. Автобусот со ознака „100“ ќе поаѓа од населбата Ново Лисиче, додека линијата „200“ ќе поаѓа од населбата Дексион. Двете линии ќе сообраќаат директно до СЦ „Борис Трајковски“. Од ЈСП напоменуваат дека цената на билетите…
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против О.Л.(49) од Делчево и Н.Л.(38) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 2 од КЗ, против Н.П.(27) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 и „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 став 1 од КЗ и против О.П.(49) од струмичко село за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“ по член 197 став 1 од КЗ. О.Л. и Н.Л. како родители дозволиле, во периодот од септември…
Вчера во 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденик од Kазнено– поправната установа Затвор Прилеп пријави дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари. Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се намали затворската казна, a за возврат од него ги побарал и добил парите во неколку наврати. Но, откако сфатил дека бил измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
