Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36

    Студен фронт го зафаќа регионот

    04.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра
    • Кузманоска: Македонската економија бележи забрзан раст од 4,3 проценти во вториот квартал
    • Гори во Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга, Куманово и Маврово-Ростуше, еден поѓар премина кон Косово
    • Приведен 85-годишник од струшко: Предизвикал пожар на отворен простор
    • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Започна ослободувањето на трасата за конечно ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“
    • УХМР со најнова прогноза – Дали ветерот ќе донесе разладување
    • Измерени температурите во 11 часот: Живата на термометарот се искачи над 30 степени
    • (ФОТО) Уапсени пет лица во Галичник: Во шатори криеле печурки, марихуана и прашкаста материја
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

    Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

    05.09.2026 во 13:194 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Општина Прилеп во партнерство со Владата и ресорните министерства реализира 18 проекти поддржани со околу 12 милиони евра, информираа од ВМРО-ДПМНЕ пренесувајќи ја изјавата од прес-конференцијата на градоначалникот Дејан Проданоски.

    Според изнесените податоци, шест од проектите се веќе завршени, пет се наоѓаат во завршна фаза, додека седум се на самиот почеток на нивната реализација.

    „Денес пред вас го презентирам отчетот за сработеното во изминатата година. Нашата цел беше јасна: Прилеп да се менува со конкретни проекти што се гледаат и што го подобруваат секојдневието на граѓаните“, изјави Проданоски.

    Тој посочи дека еден од најголемите проекти е поврзан со сообраќајната инфраструктура во градот.

    „Еден од најзначајните е кружниот тек кај мостот „Табана“, вреден повеќе од 2 милиони евра. Со него, го решаваме едно од најголемите сообраќајни тесни грла во градот. Проектот вклучува санација и проширување на мостот, нова траса, регулација на коритото, осветлување и сигнализација“, посочи градоначалникот.

    Во однос на патната мрежа и реконструкцијата на улиците, Проданоски ги истакна средствата одвоени за оваа намена.

    „За локалните улици и патишта, обезбедивме 168 милиони денари за три години, од кои 60 милиони до крајот на оваа година. Го реконструиравме тротоарот на „Кеј 1-ви Мај“, а на „11-ти Октомври“ се обновуваат тротоарите, велосипедските патеки и осветлувањето. На повеќе од 20 локации поставуваме средства за забавување на сообраќајот. Во индустриската зона „Металец“ градиме 973 метри патна мрежа, а кај „Жито Прилеп“ градиме сервисна улица од 392 метри. Улицата „Победа“ и мостот се реализираат со повеќе од 100 милиони денари. Следуваат и улиците „Трајко Николоски“ и „Орде Чопела“, проекти вредни повеќе од 180 милиони денари“, рече тој.

    Градоначалникот на Прилеп се осврна и на инвестициите во водоводната мрежа и уредувањето на јавниот простор.

    „Инвестираме и во сигурно водоснабдување. На „Кузман Јосифоски“ ги заменивме старите азбестни цевки. Во Карабдалица, по повеќе од 70 години, обновивме 1.240 метри мрежа, со 124 приклучоци и 7 хидранти. Во тек се нови мрежи во Селце и Лениште, вредни 25 милиони денари. Го уредивме и јавниот простор. На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ обновивме 2.100 квадратни метри. Во Типската населба изградивме детско игралиште, започнуваме уште едно, а ново игралиште следува и зад Участакот. Во ООУ „Рампо Левката“ изградивме спортско игралиште и ја обновивме фасадата. Во Точила ги реконструиравме терените за фудбал, кошарка и одбојка и поставивме фитнес-реквизити“, додаде Проданоски.

    Меѓу проектите од областа на екологијата и дигитализацијата, беа истакнати пречистителната станица, управувањето со отпад и новиот Центар за услуги.

    „За почиста животна средина, изградивме фотонапонска централа за пречистителната станица. Ќе поставиме полуподземни контејнери на 21 локација и јавни тоалети на три локации во центарот. Посебна гордост е првата фабрика за селекција на отпад од ваков тип во Македонија, со капацитет до 10 тони на час. Работиме и на регионален систем за управување со отпад. Ја модернизираме и општината. Отворивме Центар за услуги со повеќе од 1.000 дигитални услуги – над 350 за граѓаните и повеќе од 700 за компаниите. Подготвуваме нов Генерален урбанистички план, 18 детални планови за градот и уште 30 за околината и населените места“, нагласи градоначалникот.

    На крајот од презентацијата беа споменати и вложувањата во социјалната заштита, младите, културата и спортот.

    „Не ги заборавивме културата, спортот и младите. Средствата за културни манифестации ги зголемивме од 4 на 12 милиони денари, а за спортските клубови издвоивме 14,5 милиони. Формиравме Локален младински совет и отворивме музичка соба во НУЦК „Марко Цепенков“. Само во трите летни месеци поддржавме повеќе од 160 настани. За првпат обезбедивме по 3.000 денари за секое запишано прваче. Отворивме Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење. Како најинклузивна општина, продолжуваме и со нов Дневен центар за лица со попреченост, за индивидуален третман. Ова се резултати од заедничка работа на Општината, Советот, јавните претпријатија, службите и нашите партнери во Владата и институциите. Не тврдиме дека сè е завршено. Пред нас има уште многу работа и предизвици. Но правецот е јасен: модерен, функционален и достоинствен Прилеп за сите генерации. Продолжуваме одговорно, посветено и со уште посилно темпо“, заклучи Проданоски.

    Прочитај повеќе

    Кузманоска: Македонската економија бележи забрзан раст од 4,3 проценти во вториот квартал

    05.09.2026 во 13:14

    Кузеска: Медиумите од српската мрежа почнаа со работа, Владата им овозможува пристап до настани

    05.09.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.