Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Гори во Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга, Куманово и Маврово-Ростуше, еден поѓар премина кон Косово

    Гори во Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга, Куманово и Маврово-Ростуше, еден поѓар премина кон Косово

    05.09.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 13 пожари на отворен простор се регистрирани на територијата на државата денеска до 13 часот, покажуваат најновите податоци на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Од вкупниот број, пет пожари се активни, шест се ставени под контрола, додека два се целосно изгаснати.

    „Во државата до денеска до 13 часот се регистрирани вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, шест се ставени под контрола, а два се изгаснати“, соопшти Центарот за управување со кризи.

    Според извештајот на ЦУК, пожарот во Ѓорче Петров ја преминал и државната граница.

    „Активни се пожарите на потегот меѓу селата Грачани и Никиштани во Општина Ѓорче Петров, кој се проширува и на територијата на Косово, кај селото Белица во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Подгорци во Општина Струга, во населбата Бедиње во Куманово и на месноста Чавкарник над Маврово во Општина Маврово-Ростуше“, информираат од ЦУК.

    Дел од пожарите и депониите кои беа зафатени со оган веќе се локализирани и ставени под контрола.

    „Под контрола се пожарите меѓу селата Буринец, Локов и Селци во Општина Струга, кај селото Брезница во Општина Македонски Брод, во реонот на селото Копаница во Општина Сарај, кај месноста Рамно во Општина Чучер-Сандево, како и пожарите на депониите во Кратово и Делчево“, наведуваат од Центар за управување со кризи.

    Од надлежните дополнуваат дека интервенциите во Неготино и Гази Баба завршиле успешно.

    „Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај селото Црвени Брегови во Општина Неготино и на улицата „Перо Наков“ во Општина Гази Баба“, соопштија од ЦУК.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.