Close Menu
Press24
    Најново

    Вторник е неработен ден, потоа следува продолжен викенд

    04.09.2026 во 09:45

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36

    Студен фронт го зафаќа регионот

    04.09.2026 во 10:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Цветановска: Владата ја носи државата кон долг од 12 милијарди евра
    • Гаши се сретна со турската министерка Ѓокташ: Размена на искуства за зајакнување на социјалните услуги и семејството
    • Уште една трагедија го потресе Куманово: Пронајден починат уште еден маж
    • Тешко повреден дебранец со „Харли Дејвидсон“, удрил во заштитна ограда кај Бошков мост
    • Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра
    • Кузманоска: Македонската економија бележи забрзан раст од 4,3 проценти во вториот квартал
    • Гори во Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга, Куманово и Маврово-Ростуше, еден поѓар премина кон Косово
    • Приведен 85-годишник од струшко: Предизвикал пожар на отворен простор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Цветановска: Владата ја носи државата кон долг од 12 милијарди евра

    Цветановска: Владата ја носи државата кон долг од 12 милијарди евра

    05.09.2026 во 14:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешна прес-конференција изнесе обвинувања за економските политики на Владата и нивото на јавниот долг.

    Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Симона Цветановска, посочи дека власта трупа нови долгови и ја крие реалната состојба со буџетот.

    „Додека народот едвај врзува крај со крај, додека цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови долгови, нови милијарди на грбот на народот. Па уште и ги лаже граѓаните, го фингира долгот заедно со Кочовска. Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше. Вчера Мицкоски немаше каде – призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијади евра. Но видовме и дека е Мицкоски несмасно се обиде да ја лаже јавноста за тоа што го фингираат јавниот долг. Денеска ги разобличуваме сите лаги на Мицкоски“, рече Цветановска.

    Таа упати неколку прашања и забелешки во врска со постапките за задолжување и толкувањето на Законот за јавен долг.

    „1.Ако било задолжувањето од 1,3 милијадри евра за 2027 година, како што вели Мицкоски зошто брзала владата да одлучува 5 месеци порано? И клучно, зошто не ја соопштија таа одлука во јавноста туку ја сокрија? Одговорот е едноставен: пари нема. Касата е празна. Владата не може да ја затвори ниту оваа фискална година без нови долгови. 2.Изјавата на Мицкоски дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавен долг е чиста лага, очаен обид да се спаси од одговорност за кршење закон. Законот за јавен долг е сосема јасен: во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата. Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг, спротивно на законот – а за тоа следува кривична одговорност“, посочи таа.

    Од СДСМ тврдат дека Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се наоѓа во тешка состојба.

    „3.Не постои никаков рамковен заем., ЈПДП е оставено пред колапс и смислено извадено од буџетските расходи. Откако ги потрошија милионите евра од кредитот, за да не биде блокиран од страна на доверителите за тековното работење, ЈПДП криминално доби ургентни позајмици од МНАВ, Државна Лотарија и други државни институции. Кога беше откриен овој скандал за кој следуваат кривични пријави за над 15 лица, следуваа нови кредит од 40М евра со цел тие средства се вратат. Тоа брзо враќање на овие средства нема да ја намали кривичната одговорност на сите инволвирани а посебно не на наредбодавецот Мицковски“, нагласи Цветановска.

    Во однос на споредбите со периодот на ковид-пандемијата, пратеничката од опозицијата истакна дека граѓаните ја знаат разликата во пристапот.

    „4.Кога Мицкоски ја споменува ковид пандемијата треба да знае дека граѓаните не се наивни и многу добро знаат. Додека владата на СДСМ 2 милијарди евра врати кај граѓаните за да им помогне и да ги сочува работните места а Филипче спасуваше човечки животи – Мицкоски со неговото обезбедување шеташе по теретани и кафани. Илјадници лекари, здравствени работници 24 часа се бореа за секој човечки живот, граѓаните седеа во своите домови и ги почитуваа мерките за зашта, јавноста го гледаше Мицкоски во теретани и кафеани. Но ова е само обид на Мицооски за дефокус – да избега од вистинската тема“, рече Цветановска.

    На крајот, таа предупреди на зголемените трошоци за камати на државниот долг.

    „Мицкоски и неговата организирана криминална група ја носат Македонија кон 12 милијарди евра долг. Пред доаѓањето на Мицкоски се плаќале 120 милиони за камати сега 350 милони евра за камати. Додека граѓаните стануваат посиромашни, државата станува сè позадолжена. Тоа е економијата на Мицкоски: празни џебови за народот, празни фрижидери и 4 милијарди нов долг врз грбот на народот за само 2 години“, заклучи Цветановска.

    Прочитај повеќе

    Гаши се сретна со турската министерка Ѓокташ: Размена на искуства за зајакнување на социјалните услуги и семејството

    05.09.2026 во 13:59

    Проданоски со отчет за сработеното: Во Прилеп се реализираат 18 проекти вредни околу 12 милиони евра

    05.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.