Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    Трагедија ја потресе Македонија: Загина возач, автомобилот се запалил по удар во кучиња скитници, па во браници

    03.09.2026 во 09:55

    Тошковски: Од 310 примени во полициската акдемија 11 се Албанци

    01.09.2026 во 13:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Имиња на познати политичари и бизнисмени прочитани од телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов
    • Димитриеска-Кочоска: Новата еврообврзница за 2027 година е за враќање на старите долгови од 1,5 милијарди евра
    • Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот на објектот, родителите обвинуваат за одолговлекување
    • Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството
    • Приведен струмичанец – полицијата му пронашла марихуана при претрес во домот
    • Кривична пријава за чувар на депонијата Мелци: Го напуштил работното место, по што избувнал голем пожар
    • Состојба со пожарите до 13 часот: Гори на две локации, шест се под контрола
    • Филипче: САД знаат дека кинески пари влегувале во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Имиња на познати политичари и бизнисмени прочитани од телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов

    Имиња на познати политичари и бизнисмени прочитани од телефонскиот именик на судијата Ѓоко Ристов

    03.09.2026 во 15:551 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Телефонскиот именик на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов беше во фокусот на денешното рочиште, каде што обвинителката Искра Хаџи-Василева прочита низа познати имиња од политичкиот и бизнис-секторот зачувани меѓу неговите контакти.

    Меѓу споменатите лица се Бојан Јовановски – Боки 13, Ана Камчева, пратеникот од ДУИ Исмаил Јахоски (запишан како „бабе Исмаил“) и неговиот син Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Петрол“, како и бизнисменот Зоран Азманов, пренесе Скопје1.

    На списокот се најдоа и Фехми Стафа, кој во јавноста се поврзува со случајот на осомничениот Љупчо Пецов – Ѓаволот, како и Исмет Гури, поранешен директор на УЈП и опфатен во предметот „Титаник 3“. Во контактите била и поранешната пратеничка Фросина Ременски, а зачуван бил и број за кој обвинителството тврди дека му припаѓа на Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев.

    Иако обвинителството не презентираше содржина од конкретна комуникација меѓу Ристов и наведените лица, обвинителката Хаџи-Василева нагласи дека самото постоење на овие контакти може да се разгледува од аспект на етичките и законските стандарди.

    Таа истакна дека во контекст на предметот, кој се однесува на наводни коруптивни практики, контактите на обвинетиот со влијателни фигури од политиката и бизнисот се од важност за постапката пред судот.

    Прочитај повеќе

    Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството

    03.09.2026 во 15:31

    Филипче: САД знаат дека кинески пари влегувале во Македонија

    03.09.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.