Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Дрон удри во детски парк во Харков – меѓу загинатите се едногодишно бебе и нејзината мајка
    • Времето вечерва: УХМР ги објави температурите во 20 часот
    • Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија
    • Откриена нелегална фабрика за цигари, 34 работници биле држени во заложништво во Словенија
    • Апсења во повеќе градови во Македонија
    • Следната недела доаѓа голем празник
    • Најавен полициски час во Франција
    • Кочани: Татко се заканувал на својот син – тинејџер
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството

    Шасивари – Зомер: Поддршка од Швајцарија за реформите во правосудството

    03.09.2026 во 15:311 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер.

    Министерот Шасивари истакна дека Министерството за правда работи на создавање поефикасен и пофункционален правосуден систем, во кој граѓаните ќе имаат поголема сигурност и доверба во институциите. За успешното спроведување на реформите е особено важно да се користат искуствата на земјите кои имаат воспоставено добри практики во областа на владеењето на правото.

    На состанокот беше отворено и прашањето за можностите за понатамошна соработка со Швајцарија, особено преку поддршка на проекти, размена на знаења и искуства и јакнење на капацитетите на институциите.

    Амбасадорот Зомер ја претстави Швајцарската програма за соработка со нашата држава , како и можностите за нејзино проширување во области поврзани со реформите и институционалниот развој. Изразена е подготвеност за продолжување на партнерството и поддршка на иницијативите што придонесуваат за јакнење на владеењето на правото.

    Досегашната соработка меѓу двете земји претставува добра основа за нови заеднички активности.

    Министерството за правда ќе продолжи да гради отворена соработка со меѓународните партнери, со цел искуствата и поддршката од европските земји да се преточат во конкретни подобрувања во работата на институциите и услугите што ги добиваат граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.