Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е против секој проект за развој, дури и сопартијците не го поддржуваат за дата-центрите

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е против секој проект за развој, дури и сопартијците не го поддржуваат за дата-центрите

    05.09.2026 во 10:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Веќе е јасно дека за се што е во интерес на граѓаните и за секој проект што носи развој и инвестиции, талогот на СДС предводен од Венко Филипче е против, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    „И во контекст на дата-центрите, односно центрите за податоци, Филипче повторно се обидува да ја спинува темата и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките.

    Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата.

    Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика.

    Сегашен пратеник и поранешен премиер од редовите на СДС, Димитар Ковачевски, јавно кажа дека не го дели ставот на Филипче за ова прашање.

    Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата.

    Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против.

    Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45

    ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари

    06.10.2026 во 17:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.