- Од Лондон до Даблин: Муцунски во серија дипломатски посети, фокус на трговијата и извозот
- Многу топло од рано наутро – Попладнево пресврт, доаѓа силно невреме
- Гледал ТВ па фатил автобус и ги запалил возилата кај Бугарска амбасада – Го има Путин истетовирано на стомакот
- Ќе нема струја до 15 часот – Прекини на електричната енергија низ Скопје
- Над 400 нови работни места – Мицкоски ќе претстави нова инвестиција
- Институциите и младите обединети против насилството – Потпишување Декларација во Скопје
- Предлозите за статусот на судските и обвинителските службеници пред Собранието
- Денеска сонце и 34 степени, па невреме – УХМР со метео предупредување за утре
Author: Author 04
Вчера околу 16:30 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на експресниот пат А2, с.Петралица – општина Ранковце, патничко возило „фиат“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од 32-годишната А.Ц.М. од Крива Паланка, излетало од патот и се превртело. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ц.М., констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против В.П.(45) од Крива Паланка и правен субјект од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од работен однос“ и „злоупотреба на лични податоци“. В.П., во својство на управител на правниот субјект, на еден работник му исплатила регрес за годишен одмор во намален износ од 1.000 денари, а во повеќе наврати не изготвувала договор или анекс на договор за вработување или престанок на работен однос во писмена форма и покрај тоа што работникот од јули 2018 година до октомври 2019 година во повеќе…
Македонската медиумска сцена денеска ја потресе тажна вест. Во ист ден, македонското новинарство остана без две свои долгогодишни, почитувани имиња кои оставија неизбришлива трага во јавниот простор. Семејството на Лилјана Алтипармакова, долгогодишна новинарка и уредничка во Македонската радио-телевизија, ја сподели веста за нејзиното заминување. Алтипармакова го мина целиот свој работен век во јавниот сервис, каде што како спикерка, новинарка и уредничка, беше еден од препознатливите гласови и ликови на македонското новинарство. Со нејзината работа, таа остави значаен белег во развојот на медиумите во земјава, а нејзиното искуство и професионалност ќе останат запаметени од бројни генерации новинари и гледачи. На ист…
Управниот одбор на ЗЕЛС (Заедница на единиците на локалната самоуправа) ја одржа својата трета седница во Охрид, каде домаќин беше градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата, на која присуствуваа високи претставници на локалната власт, беше донесена одлука седниците на УО да се одржуваат ротирачки низ општините во Македонија, со цел да се биде поблиску до граѓаните и теренските предизвици.Денес, во Охрид, каде домаќин е градоначалникот Кирил Пецаков, ја одржавме третата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. Оваа пракса ќе продолжи и во иднина, со цел седниците да се одржуваат низ општините во Македонија, поблиску до граѓаните и локалните предизвици, соопшти Орце…
Српската полиција го уапси А.Ѓ. (19) поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „тешко убиство“. Случајот, кој ја вознемири јавноста, се случил во околината на Сремска Митровица. Според првичните информации, злосторството се случило во ноќта на 19 април. По претходна расправија и физички конфликт, осомничениот со секира го нападнал и го убил 48-годишниот маж. Во обид да го прикрие трагичниот чин, осомничениот следната ноќ го пренел безживотното тело во атарот на селото Хртковци, каде го полеал со бензин и го запалил. Полицијата со брза и ефикасна акција го лоцирала и уапсила деветнаесетгодишникот. По наредба на Вишото јавно обвинителство…
Детското одделение во Општата болница во Куманово изминатата недела се соочува со значителен наплив на пациенти. Лекарите известуваат за алармантна бројка од околу 80 прегледи дневно, што претставува сериозен притисок врз педијатриските служби. Началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска, посочува дека иако обемот на работа е висок уште од септември, во последните денови е забележано нагло зголемување на бројот на деца кои бараат лекарска помош. „Од пред една недела ни е зголемен обемот на работа. Се јавуваат деца со респираторни инфекции, а имаме и хоспитализирани деца“, вели Арсовска. Според педијатрите, најголем дел од децата првично се третираат кај матичните лекари,…
Во Македонија не постои категорија на граѓани која е исклучена од здравственото осигурување, тврди директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски. Според него, законската рамка нуди сеопфатност, при што дури и лицата кои не остваруваат приходи се осигуруваат преку посебна програма на Министерството за здравство. Во моментов, во државата има вкупно 1.836.000 осигуреници, од кои 470.000 – или секој четврт граѓанин – се лица кои не остваруваат приходи. Кои се критериумите за осигурување? Клековски појасни како функционира системот за лицата без редовни примања: Директорот потенцираше дека државата ја презема одговорноста за оние кои не можат сами да се…
Поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија дебарскиот регион од вчера попладне, на патните правци во овој дел од државата се евидентирани помали, но чести одрони од земја и камења. Надлежните апелираат до возачите за максимална претпазливост. Од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта соопштија дека нивните екипи се постојано на терен со цел расчистување на коловозите и овозможување безбеден сообраќај. „Има помали но чести одрони од камен и земја. Поради тоа, но и влажните коловози се препорачува внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација“, порачуваат од секцијата. Критични точки каде најчесто…
Со имплементацијата на новиот Закон за средно образование, годинава матурантите ќе полагаат три типа завршен испит: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, појасни дека промената се должи на разликите во наставните програми помеѓу гимназиското, стручното и уметничкото образование. „Соодветно на тоа од која област доаѓаат, учениците така и ќе полагаат. Затоа што постои разлика во општообразовните предмети на гимназиското учење, средно стручното учење и уметничкото учење. Помал е обемот и бројот на часови во стручните и во уметничките училишта и овој пат материјалот што ќе го полагаат учениците ќе биде…
Денешниот 21 април носи специфична енергија за три хороскопски знаци. Поради позицијата на Месечината во знакот Рак, овие знаци ја чувствуваат поддршката од најблиските, што е клучен предуслов за нивниот денешен врв. Овој ден бара зголемена самодоверба, а за овие знаци, успехот е природен развој на настаните. Еве кои знаци денеска ќе бидат благословени со среќа: Овие знаци денеска ќе почувствуваат дека се во подобра форма отколку што очекувале, а со јасна визија, тие можат да го искористат овој транзит за долгорочни придобивки.
