Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Македонија оди напред

    Мицкоски: Македонија оди напред

    04.09.2026 во 13:173 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Во вториот квартал, во второто тромесечје имаме исклучително висока економска активност и зголемен БДП од 4,3%. Тоа е уште една лоша вест за опозицијата, којашто, претпоставувам, сега жали и тагува зошто Македонија оди напред, а не е вовлечена во нивното политичко мочуриште на лаги, клевети, измислици и конструкции“, вели претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

    Мицкоски порача дека Македонија ќе продолжи да оди напред, како и дека се работи да се решат сите проблеми коишто ги наследија од претходната влада.

    „Македонија ќе продолжи да оди напред. Не е лесно, не се сите проблеми решени, бидејќи многу проблеми се наследени. Она што е важно е дека работиме и дека се трудиме сето она што е наследено да го решаваме, а нови проблеми да не создаваме. Резултатите после 25-26 месеци, еве, конечно излегуваат на површина. Имаме раст на индустриското производство, стабилизирана инфлација. Овој раст од 4,3%, кога ќе се додаде растот во првото тромесечје од 3,1%, дава една бројка од 3,7% во првото полугодие од годинава, што е еден од најсилните во Европа. Сега повторно ги повикувам оние на социјалните медиуми да почнат да ме исмејуваат, но јас ќе си стојам на мојот став дека ова е еден од четирите најголеми растови на БДП и во првата половина на годината, но и во второто тромесечје, при услови кога имаме за истиот квартал во 2025 година 3,5 проценти раст. Да речеме, Словенија има 4,8 во вториот квартал во 2026 година, но 0,7 има во вториот квартал во 2025 година. И пред нас се Малта и Данска. Еве, уште еднаш ги повикувам повторно ботовите на опозицијата со нивните политички мочуришта повторно да снимаат рилсови и да ме исмејуваат. Но, тоа се фактите, жалам. Не можат фактите да ги негираат. Ние ќе продолжиме и натаму да работиме, 2024 година ја завршивме со раст од 3 проценти на БДП, со што влеговме во првата половина од земјите во Европа. 2025 со 3,5 проценти. Сега сме веќе во првото полугодие со 3,7 проценти, значи има еден континуиран раст во услови кога нашиот најголем трговски партнер, а тоа се ЕУ и земјите од еврозоната, имаат во целина 1,2 проценти, а еврозоната во целина 1 процент. Ако го погледнете растот на БДП во периодот 2006 – 2008 година, имаме раст од 5 до 6 проценти, но тогаш и еврозоната и ЕУ растат со толкав или поголем процент. Така што само по себе говори за политиките на оваа Влада, што претставува уште една лоша вест за опозицијата во Македонија“, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.