Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Германија истражува координирана саботажа врз енергетската мрежа по нападите во Бранденбург и Келн
    • ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија
    • Цената на нафтата пред рекорден неделен раст – колку ќе поскапат горивата во Македонија?
    • Чудо во Непал: Две лица спасени од затрупан тунел девет дена по разорните поплави
    • Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна
    • Студен фронт го зафаќа регионот
    • Масовно труење во неколку училишта – Околу 2.000 ученици и наставници се разболеа во Индонезија
    • Николоски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Германија истражува координирана саботажа врз енергетската мрежа по нападите во Бранденбург и Келн

    Германија истражува координирана саботажа врз енергетската мрежа по нападите во Бранденбург и Келн

    04.09.2026 во 10:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Германските власти истражуваат можна координирана саботажа врз енергетската инфраструктура откако беше нападната електроенергетската мрежа во близина на електраната Јеншвалде во јужен Бранденбург, близу Берлин. По инцидентот се појавило писмо со кое непознати лица ја преземаат одговорноста, а полицијата во моментов ја проверува неговата автентичност.

    „Автентичноста на писмото е предмет на истрага и во овој момент не можеме ниту да ја потврдиме ниту да ја отфрлиме“, изјавила портпаролката на полицијата, додавајќи дека засега не е познато кога ќе заврши проверката, пренесува „Шпигел“.

    Според истрагата, непознати сторители во вторникот наутро користеле повеќе од десет импровизирани пиротехнички направи за насочување проводлив материјал кон високонапонски далекуводи за да предизвикаат краток спој. Операторот соопшти дека немало прекин во снабдувањето со струја. Случајот се води како можна саботажа, но се разгледува и во контекст на сомневања за можно здружување во терористичка организација.

    Само неколку часа подоцна бил регистриран дефект и на трафостаница во Бергхајм, во близина на Келн, каде што исто така биле пронајдени фрлачи и пиротехнички средства. Министерството за внатрешни работи на Бранденбург оцени дека индициите укажуваат оти двата инцидента се дел од координирана акција.

    Министерот за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, Херберт Ројл, исто така смета дека поврзаноста меѓу двата инцидента е многу веројатна.

    „Сега сме прилично сигурни дека постојат многу сличности“, изјавил Ројл за емисијата „heute journal“ на германската телевизија ZDF.

    Иако безбедносните служби се сомневаат во левичарски екстремисти за слични напади во минатото, министерот од Бранденбург посочи дека начинот на извршување овојпат се разликува и дека засега нема докази за вмешаност на странска разузнавачка служба.

    Инцидентите ја отворија дебатата за заштитата на критичната инфраструктура. Ројл побара преиспитување на овластувањата на операторите, вклучително и употреба на видеонадзор и системи за одбрана од дронови. Како одговор, Бранденбург најави формирање „безбедносен центар од 360 степени“ кој ќе ги обедини полицијата, разузнавањето и спасувачките служби, како и носење закон со кој операторите ќе преземат поголема одговорност за заштита на објектите.

    Случајот доаѓа во период на зголемена загриженост, откако претходно неделава германските власти официјално ја обвинија Русија за обид за напад со дрон врз украински транспортен авион „Антонов“ на аеродромот Лајпциг-Хале.

    Прочитај повеќе

    Чудо во Непал: Две лица спасени од затрупан тунел девет дена по разорните поплави

    04.09.2026 во 10:41

    Хрват покажал среден прст кон камерите – 700 евра казна

    04.09.2026 во 10:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.