Author: Author 04

Десетина студенти се најдоа во „правен и финансиски ќорсокак“ откако Државниот просветен инспекторат утврди дека биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет при УКИМ, иако немале завршено соодветни додипломски студии, објави МКД.мк. Откако инспекторите констатираа неправилности и наложија поништување на уписите, студентите останаа без статус, но и без уплатените средства, кои за магистерски студии изнесуваат од 2 до 3 илјади евра, а за докторски и до 5-6 илјади евра.Студентите се обидуваат да ги добијат средствата назад, но од Деканатот на Филозофскиот факултет засега нема одговор. Поради ова, дел од засегнатите веќе ангажирале правна помош и најавуваат тужби.…

Повеќе

Висока делегација од Република Казахстан, предводена од Министерот за трговија и интеграција, Арман Шакалиев, денес оствари официјална посета на ТИРЗ Скопје, при што беше посетена и фабриката Џонсон Мети. Во рамки на посетата, делегацијата оствари работна средба со директорот на дирекцијата за ТИРЗ, Гоце Димовски, на која се разговараше за можностите за интензивирање на економската соработка, привлекување на нови инвестиции и унапредување на билатералните односи. Димовски нагласи дека оваа посета претставува значаен чекор кон продлабочување на економските односи меѓу двете земји и континуитет на веќе воспоставената соработка од јуни минатата година. Тој посочи дека дирекцијата за ТИРЗ и натаму останува…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на Сител Телевизија упати остра критика кон актуелната влада поради задолжувањето со „ултраскапи кредити“, истакнувајќи дека патот кон Европската Унија е единствениот начин за пристап до поволни неповратни средства. Според Филипче, суштината на отворањето на европските поглавја не е само политички процес, туку пред сè економска можност за граѓаните. „Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните европски фондови? Тоа значи пристап до структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства. Тука треба да се…

Повеќе

Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС се виде на роденденот на партијата. Филипче, Димитријевиќ и СДС не се оградуваат и дистанцираат од Заев, напротив аплаудираат и се восхитуваат на неговата појава, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.  „Човекот кој го смени името на државата, човекот кој местеше судии и обвинители, одлучуваше за судски предмети и постапки, човекот кој земаше евро за брат му и евро за црквата, човекот кој го уништи земјоделството, образованието, културата, човекот кој го оцрни образот, јазикот и идентитетот, аболицираниот криминалец Заев, дочекан од неговите лојалисти на чело со Филипче и Димитријевиќ како…

Повеќе

Македонските возачи кои летово планираат да патуваат кон Грција мора сериозно да го проверат опремувањето на своите автомобили. Со стапувањето во сила на новиот Закон за сообраќај, нашиот јужен сосед воведува радикални измени и строги правила, чие непочитување ќе ве чини скапо. Најголема промена е воведувањето на нов стандард за прва помош (DIN 13164:2022). Доколку вашиот сет не е во согласност со овој нов стандард, се соочувате со казна од 30 евра. Новиот комплет, кој мора да содржи 16 клучни артикли (вклучувајќи термо-ќебе, специјални облоги за изгореници и заштитни маски), чини околу 31 евро, што е значително поскапо од досегашните…

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) вчера донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,13% во однос на одлуката од 14.4.2026 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалија за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголеми за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намали за 2,939 ден/кг и сега изнесува 46,288 ден/кг. Од 21.4.2026 година од 00:01 часот…

Повеќе

Поради прекинот на глобалните испораки на нафта предизвикан од војната на Блискиот Исток (меѓу САД, Израел и Иран), патниците во Европа наскоро би можеле да се соочат со значително поскапи авионски билети. Според најновата анализа на „Европската федерација за транспорт и животна средина“ (T&E), трошоците за гориво по патник се веќе во пораст. Според податоците на T&E, просечната цена на горивото по патник на летовите на долги релации кои заминуваат од Европа е зголемена за 88 евра, додека за летовите во рамките на европскиот континент, зголемувањето изнесува 29 евра. Анализата ги споредува цените од минатата недела со оние пред почетокот…

Повеќе

Светскиот пазар на нафта утрово бележи благ тренд на намалување, што претставува продолжување на процесот на стабилизација по неодамнешните остри ценовни скокови предизвикани од ескалацијата на геополитичките тензии. Референтната северноморска нафта „Брент“ моментално се тргува по цена од околу 94,5 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта се движи околу 88 долари. Ова претставува пад од приближно еден отсто во споредба со претходниот трговски ден. Аналитичарите посочуваат дека ваквата корекција е директна реакција на сигналите за можно ублажување на конфликтите на Блискиот Исток, како и на најавите за можни преговори меѓу клучните глобални актери. Намалениот страв од прекини во синџирите…

Повеќе

Вчера во Скопје, на подрачје на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.В. (50) од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом, по претходно добиена судска наредба, пронајдени и одземени се 41 саксии со насади од канабис, прашкаста материја, марихуана, капсули, рефлектори, канти за одгледување на растенијата итн. По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Повеќе

Министерот Минчев ја продолжи својата интензивна агенда со уште една значајна средба во Будва, каде во рамки на министерска конференција оствари билатерална средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европска комисија, Валентина Суперти. Средбата претставуваше континуитет на разговорите што претходно се одржаа во Брисел, при што соговорниците разменија мислења за натамошно унапредување на реформите во јавната администрација и динамиката на нивната имплементација. Министерот Минчев ја потенцираше стратешката определба на министерството и Владата за изградба на ефикасна, транспарентна и професионална јавна администрација, целосно усогласена со европските стандарди и вредности. Суперти го поздрави остварениот…

Повеќе